Почетна » Новости » Занимливости » Мало девојче кое ја победи леукемијата ја донираше русата коса за деца болни од рак

Мало девојче кое ја победи леукемијата ја донираше русата коса за деца болни од рак

Зејнеб уште од мали нозе знае како е да се води најтешката битка во животот.

Девојчето од Босна и Херцеговина се лекуваше од леукемија на 3-годишна возраст и успеа да ја победи болеста. Сега, таа смело ја донира својата руса коса за деца кои чекорат по патот кој таа веќе го поминала.

Зејнеб ги подари своите прамени на Здружението „Срце за децата болни од рак“ кои објавија нејзина фотографија и напишаа дека се гордеат со неа. Косата е наменета за изработка на перики за деца кои ја изгубиле својата како последица на хемотерапиите.

Зејнеб

Нашата Зејнеб.

Ја запознавме како тригодишно девојче во 2018 година на хематоонколошкото одделение во Тузла, кога дојде на лекување од леукемија.

Оттогаш се гледаме и се дружиме низ многу наши проекти. Уживаме во нејзиното друштво и нејзината насмевка. Зејнеб денес е голема девојка која оди на училиште. Зејнеб сега е здраво дете. Зејнеб одлучи да ја донира својата преубава руса коса за нашиот проект „Моја коса, твоја коса“. Со насмевка.

Се гордееме со неа. Благодариме, наше златно девојче.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11183 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.