Маж засадил илјадници сончогледи во чест на својата покојна сопруга. Бабет Џаквиш обожавала цвеќиња, а најомилени ѝ биле сончогледите.
Откако таа починала од рак на 66-годишна возраст, нејзиниот сопруг Дон одлучил да ѝ исполни голема желба. Тој посадил речиси 400 акри со сончоглед и планира дел од приходите од продажбата на семето да го донира за потпомагање на истражувања на ракот.
„Таа беше исто толку убава внатрешно колку и надворешно... Сите што ја имаа сретнато Бабет се заљубуваа во неа. Јас бев среќникот во кој таа се заљуби“ – изјавил Дон.



Бабет во 2006 година дознала дека има мултипен миелом, а кон крајот на минатата година ја изгубила долгата битка за живот. Идејата за донирање за истражувања поврзани со ужасната болест била на Бабет, но таа не успеала да ги реализира своите планови додека била жива. За среќа, нејзиното семејство продолжило да ги остварува нејзините соништа.
„Се надеваме дека конечно ќе се најде лек за рак, за други семејства да не мораат да поминуваат низ она низ кое поминавме ние“ – рекол Дон.




Сончогледите расцутиле овој месец и привлекуваат многу посетители кои уживаат во убавата глетка.
