Почетна » Новости » Занимливости » Маж еден месец тајно ја фотографирал саканата со свршеничкиот прстен пред со него да ја побара за жена

Маж еден месец тајно ја фотографирал саканата со свршеничкиот прстен пред со него да ја побара за жена

Маж цел месец ја фотографирал саканата со прстенот со кој планирал да ја запроси без таа воопшто да знае за тоа.

Еди Окоро го купил свршеничкиот прстен и планирал спонтано да ја запроси саканата кога ќе се појавел вистинскиот момент за тоа. Затоа, тој постојано го носел прстенот со себе каде и одел. Еден ден, му светнала идејата тајно да ја фотографира својата сакана во ист кадар со прстенот. Целта на Еди била да направи колку што е можно повеќе такви фотографии пред да пристигне совршениот момент за предлогот.

Еве го неговиот текст и дел од неговите фотографии:

Еди Окоро Еди Окоро Еди Окоро Еди Окоро Еди Окоро Еди Окоро

Конечно можам да го објавам ова... Вака ѝ предложив брак на Кели!

Оние кои поминале низ ова (и оние кои набрзо ќе поминат), сигурно сте сакале да предложите брак на начин кој ќе зборува за вас како личност и како пар. Некои планираат флеш моб, други фенси оброк, па дури и создаваат знак со натпис „Дали ќе се омажиш за мене?“. Јас не можев да го направам тоа, бидејќи не сум човек кој планира... Јас сум спонтан импровизатор.

Тоа го направи предлогот уште поголем предизвик, бидејќи Кели го знае ова, па доколку испланирав патување или вечера, таа веднаш ќе се сетеше што планирам да направам.

Поради тоа, го носев прстенот со мене каде и да одев, надевајќи се дека ќе се појави „моментот“ во склоп на мојот спонтан стил.

По еден месец чекање да се појави вистинскиот момент, седев на каучот и му се восхитував на моето „скапоцено“ (премногу се приврзав за овој прстен), а Кели за малку не ме фати како зјапам во прстенот. Тогаш ми светна една идеја. Кели не знае дека го имам прстенот, па зошто да не започнам да ги документирам пропуштените моменти.

Ова брзо ескалираше во обид да направам колку што е можно повеќе фотографии од Кели со прстенот без таа да знае! Да, таа немаше претстава што правам на овие фотографии!

Идејата беше да направам колку што е можно повеќе фотографии, во смели кадри, пред да го пронајдам совршениот момент за да ја запросам или додека не бидам фатен, па потоа да ја запросам.

Еве некои од фотографиите кои ги направив во текот на еден месец.

Еди Окоро Еди Окоро Еди Окоро Еди Окоро Еди Окоро Еди Окоро Еди Окоро Еди Окоро Еди Окоро Еди Окоро Еди Окоро Еди Окоро Еди Окоро Еди Окоро Еди Окоро

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10367 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.