Почетна » Новости » Занимливости » Магични фотографии од дечиња соочени со тешка болест

Магични фотографии од дечиња соочени со тешка болест

Хедер Ларкин е талентирана и креативна фотографка која создава волшебни и магични портрети од дечиња кои уште од мали нозе се соочени со тешка болест.

Таа цели да донесе насмевка на лицата на болните деца и да им подари на нивните семејствата фотографии кои целосно ја доловуваат убавината и невиноста на нивните чеда.

Fairyograpgy Fairyograpgy Fairyograpgy Fairyograpgy

Позитивниот фото-проект бил инспириран од писмо од родители на девојче со кое Ланкин имала снимено фотосесија. Во писмото кое нажалените родители ѝ го испратиле на Хедер по смртта на нивната сакана ќерка пишувало: „Никогаш нема да знаете колку многу ни значат овие фотографии – тие се сè што ни остана од неа“.

Тогаш, Ларкин започнала годишен натпревар за дечиња со медицинска состојба или генетско пореметување, или кои преживеале траума или насилство. Во рамките на организираниот натпревар, малите дечиња добиваат бесплатна фотосесија и бајковита фото-книга од креативната фотографка.

Fairyograpgy Fairyograpgy Fairyograpgy Fairyograpgy Fairyograpgy Fairyograpgy

Хедер признала дека плачела читајќи ја приказната зад секоја номинација и дека избирањето на победник не било ни малку лесно.

„Тие се толку благодарни за сè што имаат и го сакаат секое мало парче живот кое го имаат. Тие ја имаат најголемата верба. Не знам како овие деца имаат толку големи срца, по болката со која се принудени да се соочат“ – вели Хедер.

Fairyograpgy Fairyograpgy Fairyograpgy Fairyograpgy Fairyograpgy Fairyograpgy Fairyograpgy Fairyograpgy Fairyograpgy Fairyograpgy Fairyograpgy

Хедер објаснила и дека поентата на проектот била децата да се чувствуваат убави и сакани, без оглед на сè останато.

Fairyograpgy Fairyograpgy

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9479 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.