Почетна » Новости » Занимливости » Кучето Смајли родено без очи стоплува срца помагајќи им на пациенти при терапија

Кучето Смајли родено без очи стоплува срца помагајќи им на пациенти при терапија

Смајли е инспиративно куче, бидејќи и покрај тоа што е родено без очи, не дозволува да ја изгуби титулата „најдобар пријател на човекот“. Тоa секојдневно им мами насмевки на ментално болни и хендикепирани лица, помагајќи им полесно да ги надминат тешкотиите или да се социјализираат.

Ријана

Златниот ретривер бил спасен од фарма за размножување на кучиња од страна на сегашната сопственичка Џоен Џорџ кога имал 1-2 години. Бидејќи Смајли страдал од инфекции, Џоен била принудена да го одведе на ветеринар за да му ги сошијат очите.

Ријана Ријана

По посвојувањето, Смајли бил преплашен зашто никогаш претходно немал излезено од фармата каде ги поминал своите први години. „Беше многу исплашен, кучињата никогаш немаа излезено надвор од таа штала“ – рекла Џорџ во интервју за ABC News.

Ријана

Денес, Смајли е сертифицирано куче за терапија кое секојдневно им помага на ментално болни и хендикепирани лица во Онтарио, Канада. Џорџ ја увидела позитивната моќ на Смајли при посета на старечки дом, кога кучето успеало да насмее човек кој никогаш порано се немал насмеано. „Таму имаше еден маж по име Теди. Тој не зборуваше, не комуницираше воопшто. Персоналот никогаш претходно го немал видено Теди да се смее. Но, тој се смееше наглас за време на посетата на Смајли“ – објаснила Џоен.

Ријана

Во друг наврат Смајли му помогнал на мало девојче со аутизам кое никогаш не мирувало. За време на нивното дружење, девојчето седело до Смајли и разлистувало книга цели 30 минути. Мајката на девојчето била многу пријатно изненадена.

Ријана Ријана Ријана

Иако Смајли често се удира во различни предмети, тој знае да биде внимателен и умее да го следи гласот на својата сопственичка.

Џоан ги поттикнува луѓето да посвојуваат слепи кучиња, советувајќи ги да не ја ограничуваат нивната слобода. „Не бидете нивните очи, не им го управувајте животот, не ги чувајте во стаклено ѕвоно“ – вели Џорџ и додава дека за неа било важно Смајли да научи како сам да се движи наоколу.

Ријана

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11085 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.