Почетна » Новости » Занимливости » Кратко моќно видео за борбата на една жена со ракот на дојка

Кратко моќно видео за борбата на една жена со ракот на дојка

Потстрижувањето може да биде емотивно доживување, особено кога ракот те оставил без коса.

Приказната за жена, која успеала да го победи ракот на дојка, ќе ве исполни со надеж и ќе ви покаже колку се силни лицата кои страдаат од оваа болест.

На почетокот од моќното видео, Трејси вели дека болеста ѝ ја одзела убавината и дека стравот е помоќен од желбата да се бори со болеста. Додека течат кадри од последиците од хемотерапијата врз нејзиниот изглед, таа признава: „Никогаш нема да ме слушнете да речам дека сум убава“.

Потоа, следува неочекуван пресврт и Трејси започнува да ја раскажува приказната наназад. Нејзината порака целосно се менува. „Сè уште сум убава и никогаш нема да ме слушнете да речам дека сè е надвор од моја контрола. Секој ден е убав, дури и кога животот не е фер. Не се обидувајте да ми кажете дека болеста ќе ми ја одземе убавината...“ – вели храбрата пациентка.

Видеото завршува позитивно. Трејси успева да го победи ракот, триумф кој е симболизиран со првото потстрижување. „Никогаш нема да го заборавам тоа чувство“ – вели Трејси.

„За некој кој го победил ракот, првото потстрижување е повеќе од потстрижување. Тоа е прекрасен нов почеток“ – пишува во описот.

Трејси

Видеото е создадено од козметичката компанија „Ulta“. Таа ги поттикнува потрошувачите да споделуваат селфи фотографии на кои имаат розови усни, трепки или локни под хаштагот #UltaPinkOver.

Кампањата ќе се одвива во текот на месец октомври, кој е месец за подигнување на свеста за рак на дојка. За секое селфи, компанијата ќе донира по 1 долар во Фондација за истражувања за ракот на дојка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11323 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.