Почетна » Новости » Занимливости » Кратко видео кое секоја мајка на ќерка треба да го изгледа

Кратко видео кое секоја мајка на ќерка треба да го изгледа

Краткото видео „Можност“ треба да го изгледа секоја мајка на ќерка, бидејќи повикува на акција за да го направиме светот место каде девојчињата ќе растат самоуверени и свесни за својата вредност.

Видеото покажува дека додека се мали, девојчињата се сакаат себеси онакви какви што се. Тие се свесни дека се паметни, брзи и силни, се гордеат со она што можат да го направат, поставуваат прашања... Убедени се дека животот е авантура каде сè е возможно.

Но, она што не го знаат е дека светот може да биде тешко место за живеење за девојчињата. Тие не знаат дека:

  • Шест од десет девојчиња престануваат да го прават она што го сакаат, бидејќи не се задоволни со својот изглед.
  • До 11-годишна возраст, 30% од девојчињата ќе започнат да држат диета.
  • Само 11% од инженерите се жени.
  • Само една петтина од врвните готвачи се жени.
  • Девојчињата добиваат повисоки оценки од момчињата во предметите поврзани со природни науки, а се помалку самоуверени за своите вештини.

На крајот видеото потсетува дека можеби малите девојчиња нема потреба да го дознаат сето ова, бидејќи светот постојано се менува, а во него, можностите за девојчињата се бесконечни. „Да се здружиме заедно за да се увериме дека тоа ќе остане така“ – овие се завршните зборови на рекламата создадена од Kazoo, нов тип на списание кое ќе ги инспирира девојчињата да бидат паметни, силни и бестрашни.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.