Почетна » Новости » Занимливости » Кратки видеа: Еве како изгледа неколкучасовно разубавување со Фотошоп

Кратки видеа: Еве како изгледа неколкучасовно разубавување со Фотошоп

Се прашувате како е возможно моделите кои ги гледате на страниците од врвните списанија да се толку совршени? Експертот за дигитално ретуширање Елизабет Мос ви го нуди одговорот.

33-годишната фотографка и основач на компанијата за обработка на фотографии Rare Digital Art од Њујорк објави три видеа од по 90 секунди во кои покажува како со часови ретушира една фотографија за да дојде до резултатот кој ние го гледаме. Елизабет соработува со светски брендови и водечки списанија како Elle, Vogue, Vanity Fair и GQ.

Елизабет Мос

„Овие видеа се уникатни, бидејќи ниту еден од врвните ретушери не прави ваков тип на видеа. Квалитетот на другите пред и потоа видеа кои се достапни онлајн е прилично лош и тие воопшто не го прикажуваат она што типично се прави во врвните модни едиторијали и кампањи“ – изјавила Мос во интервју за Peta Pixel. „Мислев дека ќе им биде интересно на луѓето да видат како всушност додаваме пори на кожата“ – додала таа.

Додавањето на пори на кожата може да се види на второто и третото видео.

Time-lapse видео на 6-часовна дигитална обработка

Time-lapse видео на 4-часовна дигитална обработка

Time-lapse видео на 90-минутна дигитална обработка

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.