Почетна » Новости » Занимливости » Кога сонот станува реалност: 15-годишна девојка ја победи својата идолка Венус Вилијамс на Вимблдон

Кога сонот станува реалност: 15-годишна девојка ја победи својата идолка Венус Вилијамс на Вимблдон

Млада тенисерка го живее својот сон откако ја победи својата идолка, легендарната Венус Вилијамс, на Вимблдон.

Кори Гаф го одушеви светот со победата над 39-годишната Венус, која досега има освоено 7 Грен Слем титули, од кои четири пред да се роди Кори.

Кори Гаф Кори Гаф Кори Гаф Кори Гаф Кори Гаф Кори Гаф

15-годишната Американка, која пожртвувано тренира од својата 7-ма година, победи со 6-4, 6-4 во сетови. Од трибините со широки насмевки ѝ аплаудираа нејзините родители, кои имаат жртвувано многу нешта за Кори да може да тренира во најдобрите можни услови. Нејзиниот татко е и нејзин тренер.

„Знам дека моите родители се супер среќни. Татко ми скокаше секојпат кога ќе освоев поен. Многу сум среќна и благословена што тие го посветуваат целото свое време на мене и на моите браќа за ние да бидеме успешни“ – рекла среќната девојка по натпреварот.

Кори Гаф Кори Гаф

„Навистина не знам како да се чувствувам, ова е првпат да плачам толку многу по победа. Никогаш не помислував дека може ова да се случи. Го живеам мојот сон, нема многу луѓе што можат да го речат тоа“ – изјавила Кори.

Венус по мечот ѝ ја честитала победата и ѝ посакала среќа понатаму. „Јас само ѝ возвратив дека немаше да бидам тука ако не беше таа и дека е вистинска инспирација. Секогаш сакав да ѝ го кажам тоа, но досега немав храброст“ – додала таа.

Кори Гаф Кори Гаф Кори Гаф Кори Гаф

И мајката и таткото на Кори во минатото биле спортисти. Татко ѝ бил бејзбол играч, а мајка ѝ гимнастичарка и атлетичарка. Целото семејство се преселило од Џорџија во Флорида за Кори да ги има најдобрите услови за да се развива како спортистка. Таа тренира во елитните објекти во кои некогаш тренирале нејзините идолки, сестрите Вилијамс.

Кори Гаф Кори Гаф Кори Гаф Кори Гаф Кори Гаф

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11117 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.