Почетна » Новости » Занимливости » Календарот на Pirelli 2016: „НЕ“ за голи манекенки, „ДА“ за феминизам и жени со постигнувања

Календарот на Pirelli 2016: „НЕ“ за голи манекенки, „ДА“ за феминизам и жени со постигнувања

Со години наназад календарот на Pirelli ги намамуваше машките погледи со разголени млади манекенки во провокативни пози. Под палката на легендарната Ени Либовиц, календарот 2016 тргна во нова насока.

Манекенките за првпат се заменети со „жени со постигнувања“ кои го менуваат светот. Секоја од жените била избрана лично од Либовиц.

Јоко Оно (активистка и артистка), Пети Смит (пејачка, поетеса, визуелна артистка), Серена Вилијамс (тенисерка), Наталија Водјанова (модел, истакнат филантроп и основач на хуманитарната организација Naked Heart), Ејми Шумер (комичарка и актерка), Тави Гевинсон (блогерка), Ава Дувернеј (режисерка), Јао Чен (првата амбасадорка на добрата волја на УНХЦР од Кина), Мелоди Хобсон (бизнис жена), Кејтлин Кенеди (продуцентка), Ширин Нешат (артистка), Фран Лебовиц (критичарка и писателка), Агнес Гунд (филантроп) и Сејди Рејн-Хоуп Гунд позираа во студио.

„За првпат привлечноста на субјектите е во нивните резимеа, а не во мерките на нивното тело“ – пишува The New York Times.

„Најновиот календар на Pirelli присвои нова тема: феминизам“ – пишува британскиот The Telegraph.

Серена ВилијамсСерена Вилијамс Наталија ВодјановаНаталија Водјанова Пети СмитПети Смит Мелоди ХобсонМелоди Хобсон Јоко ОноЈоко Оно Ејми ШумерЕјми Шумер Јао ЧенЈао Чен Кејтлин КенедиКејтлин Кенеди Фран ЛебовицФран Лебовиц Ширин НешатШирин Нешат Ава ДувернејАва Дувернеј Агнес Гунд и Сејди Рејн-Хоуп ГундАгнес Гунд и Сејди Рејн-Хоуп Гунд Тави ГевинсонТави Гевинсон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10284 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.