Почетна » Новости » Занимливости » Како ефикасно да ја хидрирате косата и да го вратите сјајот?

Како ефикасно да ја хидрирате косата и да го вратите сјајот?

Косата е повеќе од обичен дел од изгледот – таа е и израз на индивидуалност, енергија и самодоверба. Без разлика дали се третира со топлина (фенирање или пеглање) се бојадисува или се одржува нејзиниот природен и здрав изглед, вистинската нега започнува со изборот на квалитетни производи кои ѝ даваат сила и живот.

dm нега на коса

На пример во dm дрогериите може да се најдат сеопфатни асортимани на производи за нега на коса, прилагодени за различни типови и потреби.

Има многубројни природни и органски опции што се збогатени со билни екстракти, без силикони и штетни хемикалии. Овие производи не само што ја зајакнуваат косата, туку се и еколошки свесен избор, создадени со формули што ја почитуваат природата. Има шампони и регенератори кои се важни за хидратација, заштита од оштетување и одржување на природниот баланс. Потоа маски и серуми што интензивно ја негуваат и обновуваат косата и се збогатени со природни масла и хранливи состојки. На некои луѓе им се потребни производи за обликување како што е пена за коса, креми за дефинирање и заштита од топлина. И секако, боја за коса.

Косата секојдневно е изложена на надворешни фактори како што е загадувањето, сонцето, влажноста, третманите со топлина што може да доведат до оштетување, сува текстура и губење на сјајот. За да остане здрава и витална, потребно е:

Редовна хидратација – Со нежни шампони без сулфати и длабински хидратантни маски.

Заштита од топлина – Користење на спрејови кои ја штитат косата пред фенирање или пеглање.

Природни масла – Арганово, кокосово или рицинусово масло за дополнителна нега и ревитализација.

Косата е огледало на здравјето, а негата треба да биде приоритет за секого. Во dm дрогериите посебно внимание привлекува Balea Professional Oil Repair Intensive шампонот, формулиран за оштетена, сува и кршлива коса, кој веднаш го хидрира и зајакнува влакното, навлегува во неговата струкура. Богат со арганово масло, овој шампон продира длабоко во косата, обезбедувајќи долготрајна хидратација, заштита од надворешни влијанија и природен сјај без оптоварување. Без силикон внатре и со висококвалитетна формула, производот е идеален за оние што сакаат нега и да ја заштитат косата, но истовремено да имаат мазно и еластично влакно. За максимален ефект, најдобро е да се комбинира со Balea Professional Oil Repair Intensive регенераторот или маската, кои ја прават косата свиленкаста и лесна за расчешлување, без разлика на тоа дали е природна или третирана со топлина и хемиски процеси. Моќна нега со длабински ефект, што ја враќа виталноста на косата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25251 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.