Почетна » Новости » Занимливости » Како да се подготвиш за дете? Хумористична листа на мајка која ќе ве насмее

Како да се подготвиш за дете? Хумористична листа на мајка која ќе ве насмее

Лаура Маза постојано им мами насмевки на жените од целиот свет со своите хумористични текстови за мајчинството и бракот.

Популарната блогерка, која е мајка на две девојчиња, ги споделува со обожавателите своите ставови за мајчинството на забавен и интересен начин. „Ова се моите мисли, малку пцовки, понекогаш сарказам, но сè е од моето срце“ – пишува Маза на својот блог.

Неодамна, Лаура објави листа со нешта кои треба да ги направат жените за барем малку да бидат подготвени за живот со мали деца, и насмеа многумина. Разбудете ја вашата смисла за хумор и прочитајте го нејзиниот текст:

Деца

Како да се подготвиш за дете:

Купи банани, купи еден куп банани. Изеди ги сите. Не е важно што ќе направиш со нив, важно е наеднаш да исчезнат. Следниот ден, купи уште толку или повеќе банани... и гледај ги како полека скапуваат. Прашај гласно: „Зошто никој не сака банани сега?“

Плачи.

Слушај ја „Baby Shark“ повторно и повторно и повторно... Цели 68 часа.

Замоли некого секојпат кога ќе го допреш телефонот да ти вели: „Може да ми пуштиш ‘Baby Shark’?“.

Гледај бесмислени видеа на YouTube, на пример страшни цртани со заразни мелодии, помеѓу гледањето „Baby Shark“. Секогаш навраќај се на „Baby Shark“.

Земи со себе бик во супермаркет. Пушти го и извинувај им се на луѓето што трча покрај нив и ги клоца. „Се разлутува кога е гладен и мрази движења“.

Купи си 4 пара огромни гаќи кои ти стигнуваат до вратот, дупни дупки во нив и носи ги наизменично.

Побарај им ја валканата облека на сите соседи од твојата улица и започни да им ја переш. Побарај од нив да ја облечат и извалкаат веднаш штом ќе ја здиплиш.

Гризни ги сите јаболка од твојата чинија со овошје и врати ги назад.

Исчисти ја куќата, дезинфицирај ја, а потоа размачкај јогурт насекаде по подот.

Замоли некого да ти се искашла в очи.

Какај се со отворена врата. Јави им се на пријатели со вклучена камера и замоли ги да те прашаат како ти поминал денот додека се напнуваш.

Измачкај се целата со кисело млеко.

Пробај да отвориш лижавче за вкупно 3 секунди. Намести гласен тајмер кој ќе вреска по тебе ако не успееш.

Врзи октопод со каишот од автомобилот.

Земи три мајмуни и вози се со нив наоколу. Дај им пуканки и мед.

Прави закуски на секои 7 минути.

Легни во креветот,

Стани повторно,

Врати се во креветот,

Стани, врати се, стани, врати се, стани, врати се, стани. Удри си го многу силно малиот прст во нешто тврдо.

Измокри се врз себе.

И сега си 10% подготвена.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11174 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.