Почетна » Новости » Занимливости » Мајка, која поради големиот стомак била прашувана кога треба да се породи, возврати: „Создадов живот“

Мајка, која поради големиот стомак била прашувана кога треба да се породи, возврати: „Создадов живот“

Спротивно на она што го гледаме на социјалните мрежи, стомакот на многу нови мајки не исчезнува во првите денови по породувањето. Напротив, голем број од нив имаат стомаче месеци, па и години по породувањето.

Лаура Маза е една од тие мајки и поради тоа постојано добива прашања од типот „Кога треба да се породиш?“ и „Дали си повторно бремена?“.

Во текст на Facebook, Лаура објасни дека не дозволува тие прашања да ја вознемират, затоа што кога ги гледа своите деца, таа знае дека создала нешто прекрасно, нешто со кое може да се гордее.

Таа додаде и хумористична фотографија со табла на која пишува: „5 недели по породувањето. Со бебе бургер“.

Лаура Маза

Еве го нејзиниот текст кој поттикна многу мајки да споделат слични искуства:

Се случи.

Ми го поставија прашањето од кое се ежи секоја жена кога не е бремена.

„Кога ти е терминот?“

Не термин за менструација, не термин за какање, не термин за унапредување... Кога ми е терминот за породување? Тоа е она што таа го мислеше. (Мојот сопруг ме теши дека таа мислела на нешто друго за да не се вознемирам... Но, таа мислеше токму на тоа).

Сакав да ѝ речам дека се породив пред еден месец, но наместо тоа ѝ реков: „Октомври!“. Бидејќи сум идиот и не сакав таа да се почувствува лошо.

Да ви кажам нешто. Воопшто не се вознемирив. Не бев ни тажна, ни засрамена. Не се чувствував воопшто лошо. Сè уште изгледам како да сум бремена и реално зошто да не изгледам? Раѓам бебиња на две години. Ги пораснав нивните коски, нивните очиња, нивните мали носиња и прстиња и ги создадов нивните прекрасни мали срца. Моите органи се поместија за да им направат простор ним за да растат, а моите мускули се разделија за да им овозможат да пораснат уште поголеми.

Тие никнаа од мојата дамска градина и мојот сончев покрив и се хранеа од моето тело. Цели ноќи не спиев за да ги хранам. Ги гледам како растат и понекогаш ги набљудувам тотално истоштена. Понекогаш му отворам врата на поштарот со извадена десна града (јас ја нарекувам Моќна града), со исплеткана коса зашто не сум имала време да се исчешлам и со хеланки за трудници... Но, зјапам во моите деца, во тие мали нешта што сум ги создала и си мислам колку се убави, неверојатно прекрасно убави мали нешта.

Една пријателка ми кажа дека е многу вознемирена што сè уште има мајчино тело три месеци по раѓањето на нејзиното бебе... Мислам зошто би била вознемирена, зошто јас да бидам вознемирена за да ги кријам доказите за сè што сум постигнала? За сè што сме создале? Зошто да се чувствуваме лошо? Зошто некој да се чувствува лошо?

Кога ќе бидеме на смртна постела, дали ќе зборуваме за тоа како сме изгледале по раѓањето, или ќе зборуваме за луѓето кои ги родивме?

Ако сè уште изгледаш како да си бремена, ако погрешно те сметаат за бремена или ако имаш вкусен виснат стомак како мојот... прифати го! Нема ништо лошо во тоа да сакаш да си го промениш телото, но не троши ниту една секунда за да го мразиш. Тоа создало нешто прекрасно, тоа создало живот!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11103 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.