Врската на Џиџи Хадид и Бредли Купер станува сè посериозна.
Славниот пар беше уловен од папараците додека се упатуваше кон барот „Monsieur“ за да прослави за нејзината насловна страница на „Вог“. Џиџи шармираше во фустан од Miu Miu со блескави детали и складни обувки, додека Бредли избра целосно црн стајлинг.
50-годишниот актер и 30-годишниот модел изгледаа заљубено и среќно заедно.








Џиџи ја краси насловната страница на октомвриското издание од модната библија заедно со нејзината пријателка Кендал Џенер. Познатите манекенки добија многу комплименти за фотографиите кои ги потпишува Лахлан Бејли.



