Почетна » Новости » Занимливости » Интересна уметност од хартија

Интересна уметност од хартија

Питер Калесен е нестандарден уметник кој за своите дела користи само еден лист А4 формат, скалпел и лепило. Тој сече интересни форми од хартија и потоа го користи отсечениот дел за да свитка интересни дизајни.

Со својот талент тој претвора еден лист од хартија што кошта неколку пени во уметничко дело, чија цена достигнува до 2 800 фунти. Секој од неговите модели му одзема по 2 недели, затоа што пред да почне да се прави треба добро да се осмисли, да се направи скица и дури потоа да се сече и витка.

Питер сака неговите модели да раскажуваат приказна и верува дека претворањето на лист од хартија во тродимензионален модел е магичен процес.

Креациите на овој уметник вклучуваат фигури како птици, цвеќиња, скелети, инсекти и згради, а се прикажани на изложби во Лондон и Њујорк.

Птица и цвеќе од хартија Полжав од хартија Ковчег од хартија Рака од скелет од хартија Скелет од хартија Замок од хартија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10293 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.