Почетна » Новости » Занимливости » Инспиративниот модел со Даунов синдром Медлин Стјуарт заврши триатлон

Инспиративниот модел со Даунов синдром Медлин Стјуарт заврши триатлон

Инспиративната тинејџерка со Даунов синдром Медлин Стјуарт ги замени штиклите со патики и му одржа на светот уште една лекција. 18-годишниот модел, кој гордо чекореше на модната писта за време на Њујоркшката недела на модата, заврши триатлон.

Медлин Стјуарт Медлин Стјуарт

Медлин, која в петок ќе наполни 19 години, со насмевка на лицето исплива 300 метри, извози со велосипед 5 километри и истрча 1 километар за време на специјалниот триатлон „Noosa“ во Квинсленд. Таа постојано беше бодрена и охрабрувана од своите пријатели, кои исто така учествуваа на триатлонот.

Ова е трето учество на Стјуарт на овој настан.

Медлин Стјуарт Медлин Стјуарт Медлин Стјуарт Медлин Стјуарт Медлин Стјуарт Медлин Стјуарт

Медлин влезе во модниот свет за да ја промени перцепцијата на луѓето за убавината. Но, нејзиниот успех не дојде преку ноќ. Стјуарт отсекогаш имала проблеми со тежината, а со помош на мајка си Росана, таа успеала да намали 18 килограми, што ѝ помогна да стане модел.

Медлин Стјуарт Медлин Стјуарт Медлин Стјуарт

Мајка ѝ Росана во повеќе наврати има изјавено дека луѓето со Даунов синдром се убави и можат да постигнат сè што сакаат, а нејзината ќерка го докажува тоа. „Лицата со Даунов синдром можат да направат сè. Дајте им шанса и ќе бидете наградени повеќе одошто некогаш сте очекувале. Мислам дека е време луѓето да сфатат дека лицата со Даунов синдром можат да бидат секси и убави“ – изјавила Росана.

„Успеавме да ги промениме нештата. Сега можете да видите дека сè повеќе лица со хендикеп привлекуваат внимание“ – рекла таа.

Медлин Стјуарт Медлин Стјуарт Медлин Стјуарт Медлин Стјуарт Медлин Стјуарт

Меди е одлично прифатена насекаде, но најмногу внимание добива од своето момче Роби, со кое има двегодишна врска. „Имаат прекрасна врска, тој е толку сладок и ја обожава“ – изјавила Росана.

Медлин Стјуарт Медлин Стјуарт

Инспиративната девојка досега има склучено договори со повеќе модни брендови, амбасадор е на повеќе хуманитарни настани и програми за деца со специјални потреби, а на почетокот на 2016 година ќе лансира и своја модна линија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11069 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.