Почетна » Новости » Занимливости » Инспиративна актерка си ја истрижа долгата коса за да пренесе важна порака

Инспиративна актерка си ја истрижа долгата коса за да пренесе важна порака

Инспиративна актерка, која на мали нозе го победила ракот, си ја истрижа долгата руса коса за да пренесе важна порака – нашата убавина не се темели на надворешниот изглед, туку на она што го поседуваме внатре во нас.

Клер Боуен Клер Боуен

Клер Боуен, која влегува во улогата на пејачката Скарлет во ТВ серијата „Nashville“, одлучила да си ја скрати косата откако слушнала сторија за мало девојче кое тврдело дека не може да биде принцеза поради кратката коса. 31-годишната Австралијка, која на само 4 години извојувала победа над ракот, напиша емотивна порака за да му докаже на малото девојче и на светот дека косата не нè прави принцези или херои.

Со фотографија од својата нова фризура и натпис „Тоа е само коса“, Боуен апелира дека нашата најубава варијанта лежи длабоко во нас и дека треба да престанеме да им судиме на луѓето за изгледот. „Погледнете подлабоко од вашата кожа, коса, нокти или усни. Ти си она што си во твојата срж. Таму се крие твојот најголем потенцијал да блеснеш најсилно. Таму живее твојата најубава верзија“ – пишува Клер на Facebook.

Клер Боуен Клер Боуен

Прочитајте го нејзиниот инспиративен текст:

Сакате да знаете зошто се истрижав толку кратко?

Кога имав четири години, ја прашав мајка ми: „Дали има хејтери во Рајот?“

Ми беше дијагностициран нефробластом во краен стадиум по неколку посети кај матичниот лекар, кој упорно одрекуваше дека нешто не ми е во ред и ги нарекуваше моите родители „параноични“. Наслушнав како докторите му кажуваат на моето семејство дека единствената надеж да се спасам е експериментално лекување, кое исто така можеше да ме убие. Но, без него, ми остануваа две недели живот. Болницата беше ладна. Никогаш претходно ја немав почувствувано климатизацијата.

Животот во Белата Палата (како што ја нарекуваше дедо ми болницата) значеше дека растев опкружена со деца како мене. Претежно бевме ќелави, со цевки насекаде, излепени, обвиени со завои и шиени. На сите ни недостасуваа делови од телото, кај некои недостасуваа лесно забележливи делови како очи или нозе, кај други поскриени, како бели дробови и бубрези.

Оние кои сè уште беа на нозе, се движеа бавно на прсти како мали самовили, бидејќи хемотерапијата толку многу ни ги имаше уништено мускулите на нозете што болеше кога газевме со петиците на подот. Но, сите бевме заедно и изгледот воопшто не беше важен. Не си се потсмевавме едни на други и не се задевавме.

И тогаш ми се посреќи. Преживеав, мојата коса повторно порасна и јас повторно станав силна. Изгледам релативно нормално однадвор, но внатрешно, јас сè уште сум шиеното мало суштество во свет каде луѓето се остро осудувани за начинот на којшто изгледаат. Тоа никогаш не сум можела да го сфатам. Како може луѓето да си мислат дека има време за тоа?

Навистина бев инспирирана кога слушнав приказна за мало девојче кое рече дека не може да биде принцеза, бидејќи нема долга коса и сакав таа и другите како неа да знаат дека косата не ја прави принцеза, или воин, или суперхерој. Тоа не нè прави убави. Она што е во нас е важно.

Секоја лузна раскажува приказна, секоја ќелава глава, секој темен круг, секоја протеза на екстремитетите и секоја рефлексија во огледалото кога повеќе нема да можете да се препознаете себеси. Погледнете подлабоко од вашата кожа, коса, нокти или усни. Ти си она што си во твојата срж. Таму се крие твојот најголем потенцијал да блеснеш најсилно. Таму живее твојата најубава верзија.

Ако ова натера макар и една личност да размисли двапати пред да суди некому, тогаш на мал начин, светот е поубав.

На самодовербата ѝ е потребно многу подолго време за да порасне повторно одошто на косата.

#BeautyWithin

Клер Боуен Клер Боуен

Текстот на Клер стана вирален хит и не само што инспирира многумина да ги споделат своите искуства, туку и им даде надеж на родителите кои имаат деца болни од рак дека тие еден ден можат да имаат прекрасен живот.

Клер Боуен Клер Боуен Клер Боуен Клер Боуен

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27018 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.