Што ве усреќува? Дали тоа е танцувањето на омилената песна или споделувањето на убава вест или моментите кога воопшто не ви е грижа што мислат другите или бакнеж за добра ноќ или евоцирањето на спомени или...?
Среќата за секој човек доаѓа во различно пакување, а проектот кој се одвива на Facebook-страницата „The Happy Page“ има за цел да открие што точно им мами насмевка на луѓето низ светот.
Погледнете дел од илустрациите кои ќе ви покажат дека луѓето најчесто им се радуваат на малите нешта во животот.
Бакнеж за добра ноќ
Да танцуваш како да нема утре
Да налеташ на стар пријател
Да дочиташ неверојатна книга, а потоа да откриеш дека таа е првиот дел од трилогија
Да ги гледаш твоите деца додека спијат
Мирисот на земјата по дожд
Кога реалноста е подобра од очекувањата
Кога минијатурна личност ненадејно ќе се појави во твојот кревет
Чаша вино на крајот од долг ден
Да почувствуваш пеперутки во стомакот кога ќе ја видиш саканата личност
Забележувањето на форми во облаците
Да слушаш песна што ја обожаваш, онолку гласно колку што сакаш
Да направиш специјално слатко задоволство за некого
Слободен ден без никакви обврски
Да купиш оброк за бездомник
Топол пијалак кога е ладно
Заспано бебе
Споделувањето добра вест со некого дури и кога тој е стотици километри подалеку од тебе
Тајна комуникација, само со поглед, меѓу мајка и ќерка
Да насмееш друга личност
Да го гледаш дождот
Да дозволиш да ти се испразни телефонот
Да не ти е гајле што мислат другите за тебе
Да седиш мирно и да го чувствуваш воздухот на твојата кожа
Кога сите го ценат твоето готвење
Кафе кога најмногу ти е потребно
Да го слушаш твоето срце
Да донираш пари анонимно
Да скокаш во вир
Да лежиш под отворено небо и да ги броиш ѕвездите
Да го заборавиш телефонот дома и да сфатиш дека всушност можеш да преживуваш и без него
Создавањето на фотоалбум (и повторното оживување на секој момент додека ја ставаш фотографијата во него)
Гласот на твоите родители кога си далеку од дома
