Талентиран артист создаде креативни илустрации кои прикажуваат како би изгледале дизниевите принцези и принцови како баби и дедовци.
Ајзеја Стефенс секојдневно го збогатува својот профил на Instagram со интересни серијали кои привлекуваат големо внимание. Во новиот серијал, Аладин и Јасмин, како и Мулан и Шанг се забавуваат со своите внуци, Покахонтас и Златокоса позираат со своите партнери, Снежана дремнува покрај животните...
Претходно, Ајзеја покажа како би изгледале принцовите од цртаните филмови на Дизни во стилот на принцезите.