Илустрации доловуваат ситуации од секојдневието на новите мајки
• Понеделник, 14 Март 2016 14:30
Мајка создава хумористични илустрации од своето секојдневие за да покаже дека сите нови родители имаат слични искуства.
Алисон Вонг е мајка на едно синче, чија прва година од мајчинството била исполнета со солзи, смеа, менување пелени, фрустрации, хаос и многу прашања. Инспирирајќи се од своето секојдневие, таа постојано го збогатува своето портфолио со хумористични цртежи кои ќе ја насмеат секоја мајка.
„Се надевам дека родителите ќе запомнат да гледаат на светлата страна во тие најтешки моменти, знаејќи дека многу други биле во истата ситуација. Барајте мала доза хумор во секоја од бескрајните ноќи и знајте дека сè ќе помине многу брзо, а вам ќе ви недостига пред да се свестите дека поминало“ – вели Алисон.
Погледнете ги нејзините забавни дела:
Тато се врати. Тата, тата! / Неверојатно, неговиот прв збор е тата! / Вечерта: Мама, мама!!! Таткото: Тебе те вика. Мајката: Не, не слушам ништо.
Те носев 9 месеци. Поминав низ часови породилни болки. Имав царски рез... А ти личиш на татко ти. Навистина?
Леле, се насмеа. Еден час подоцна: Ајде, уште еднаш...
Не сум слушнала никаков звук со часови. Ќе одам да го проверам. Дали дишеш? Да, дефинитивно дише.
Вака се чувствуваш кога ќе го заспиеш твоето малечко без многу труд.
Во книгата пишува дека досега требаше да лазиш. Твојата пријателка Грејси лази веќе неколку недели! Ајде го можеш ти тоа! / Еден месец подоцна: Не, не го прави тоа. Престани да лазиш!
А јас мислев дека сортирањето на МОИТЕ чорапи е тешко!
Танцот покрај количката наречен: „Држи го сонцето подалеку од очите на бебето“.
Бебето е нервозно? Најверојатно му расте заб. Не спие? Најверојатно му расте заб. Не јаде? Најверојатно му расте заб. / Па, досега би требало да има еден куп заби во устата? Не, само еден.
Толку е тажно кога треба да ги спакуваш сите тие алишта за новороденче. Ќе ми недостига мојот омилен аутфит. Пријателката: Тој шорц е пресладок. Мајката: Таа не мора да знае дека шорцот е всушност панталони.
Оф леле, ги заборавив овие шпикозни од тетка Сенди! Тие се од оној фенси бутик – мораме да се собереме во нив!
Кој и да рекол „Не плачи поради истурено млеко“... очигледно не доел.
На два месеци: Следниот преглед е на 4 месеци. Како ќе преживеам дотогаш?? На девет месеци: Упс, потполно заборавив да го закажам прегледот на 9 месеци!
Моментите кога и плачењето и тишината те избезумуваат додека го возиш бебето.
Те молам заспиј! Конечно! Барем постои светла страна... мојот фитнес тракер мисли дека направив 10.000 чекори.
Ти зготвив неверојатен рецепт со прокељ и лук специјално за тебе! Подоцна: Навистина? Повеќе би го јадел тоа одошто јадењето што ти го зготвив?
Жената: Многу сум возбудена за нашиот состанок вечерва! Ох заборавив нешто. Морам да се вратам да си ја променам облеката! Мажот: Зошто? Изгледаш прекрасно! Жената: Не, мојот градник! Најдобриот дел од нашето излегување е што не морам да носам градник за доење!
Среќен први роденден! Деновите беа долги, но годината беше кратка! Посакувам овој момент да трае засекогаш!