Почетна » Новости » Занимливости » Илустрации во кои ќе се пронајдат сите кои имале врска на далечина

Илустрации во кои ќе се пронајдат сите кои имале врска на далечина

Тешко е да бидеш разделен од личноста која ти значи сè на светот. Девојка, која три години е во врска на далечина, направи илустрации кои ги отсликуваат најзначајните моменти со саканиот.

Неможноста да бидат заедно на родендените, ситниците од секојдневието кои ги поттикнуваат да мислат еден на друг, долгите онлајн разговори, огромната радост на долгоочекувата средба... се дел од моментите насликани на цртежите.

Заљубената девојка покажува дека далечината ѝ го причинува на љубовта, тоа што ветерот ѝ го причинува на искрата – ако е мала ќе згасне, ако е голема ќе се разгори.

Постојано ти недостига саканата личностПостојано ти недостига саканата личност Родендените и празниците се особено тешкиРодендените и празниците се особено тешки Слабата интернет конекција те полудуваЛошата интернет конекција те полудува Но знаеш дека вреди, бидејќи разговорот со таа личност ти го разубавува денотНо знаеш дека вреди, бидејќи разговорот со таа личност ти го разубавува денот Понекогаш, некои работи ти будат спомени за саканата личности кои те насмевнуваат (или расплакуваат)Понекогаш, некои работи ти будат спомени за саканата личност кои те насмевнуваат (или расплакуваат) Патувањето за да се видете еден со друг не е секогаш лесноПатувањето за да се видете еден со друг не е секогаш лесно Но кога ќе успееш да склопиш план за средба, тоа е највозбудливото нешто на светотНо кога ќе успееш да склопиш план за средба, тоа е највозбудливото нешто на светот Броењето на деновите ти станува омилена активност и ти дава дневна доза на среќаБроењето на деновите ти станува омилена активност и ти дава дневна доза на среќа Денот кога пристигнуваш на аеродром ти е најубавиот ден во живототДенот кога пристигнуваш на аеродром ти е најубавиот ден во животот Кога конечно се сретнеш со таа специјална личност, не постојат зборови кои ја опишуваат твојата радост!Кога конечно се сретнеш со таа специјална личност, не постојат зборови кои ја опишуваат твојата радост! Тоа што сте разделени, прави да го цените секој момент кога сте заедноТоа што сте разделени, прави да го цените секој момент кога сте заедно Сè е толку комфорно што понекогаш се чувствуваш дека никогаш не сте биле разделениСè е толку комфорно што понекогаш се чувствуваш дека никогаш не сте биле разделени Ноќта пред повторната разделба е најтешкаНоќта пред повторната разделба е најтешка Но, тоа е во ред кога знаеш дека далечината значи многу малку, кога некоја личности ти значи толку многуНо, тоа е во ред кога знаеш дека далечината значи многу малку, кога некоја личности ти значи толку многу До следната средбаДо следната средба

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11255 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.