Почетна » Новости » Занимливости » Изберете да бидете среќни! Денес е меѓународниот ден на среќата

Изберете да бидете среќни! Денес е меѓународниот ден на среќата

„Бидете среќни за овој момент. Овој момент е вашиот живот“ – Омар Хајам.

Денес исполнете се со благодарност за она што го имате, престанете да им завидувате на другите, уживајте вистински во моментот и во малите нешта кои го прават животот специјален и едноставно изберете да бидете среќни.

Не постои човек кој не сака да биде среќен и стремежот кон среќата е фундаментална човекова цел. Пред околу 12 години, Организацијата на Обединетите Нации одлучи секоја година на 20 март да се прославува Меѓународниот ден на среќата, кој има за цел да ги потсети луѓето на важноста на среќата во нивните животи.

Среќа

ООН повикува владите и меѓународните организации да инвестираат во услови кои ја поттикнуваат среќата, а ги охрабрува луѓето да бараат начини како да бидат позадоволни со сопствениот живот, од создавање значајни врски со другите, до пронаоѓање лична сатисфакција.

Целта на денешниот ден е да се направи светот подобро и посреќно место за живеење.

Среќа

Едноставни навики кои ќе донесат среќа во вашиот живот:

  • Смејте се;
  • Вежбајте;
  • Осигурете си квалитетен сон;
  • Хранете се здраво за подобро расположение;
  • Бидете благодарни;
  • Навреме соочувајте се со стресот;
  • Избегнувајте да им се жалите на другите;
  • Организирајте си го времето и просторот;
  • Дружете се со пријателите;
  • Одете во природа;
  • Поминувајте време подалеку од екраните.
Среќа

10 цитати за среќата

„Среќата е избор кој понекогаш бара напор“ – Есхил.

„Бидете среќни со она што го имате додека се стремите кон она што го посакувате“ – Хелен Келер.

„Луѓето најчесто се онолку среќни колку што ќе си замислат“ – Абрахам Линколн.

„Среќата не е нешто однапред направено. Таа доаѓа од твоите постапки“ – Далај Лама.

„За секоја минута помината во лутина, губиш 60 секунди среќа“ – Ралф Валдо Емерсон.

„Сметај ја твојата возраст според бројот на пријатели, не според годините. Сметај го животот според насмевките, не според солзите“ – Џон Ленон.

„Велат дека на човекот му се потребни само три работи за да биде навистина среќен: некој да сака, нешто да прави и нешто за што да се надева“ – Том Бодет.

„Оној кој е среќен, ќе ги усреќи и другите“ – Ана Франк.

„Среќата е вистинска само кога е споделена“ – Џон Кракауер.

„Не постои пат до среќата. Среќата е патот“ - Буда.

Среќа

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11180 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.