Почетна » Новости » Занимливости » И Град Скопје се откажа од новогодишните прослави, средствата ќе ги донира во хуманитарни цели

И Град Скопје се откажа од новогодишните прослави, средствата ќе ги донира во хуманитарни цели

Хуманоста го зафати Балканот!

Босанскиот град Какањ, неколку српски општини и Велес деновиве објавија дека се откажуваат од новогодишните прослави со цел средствата да ги пренаменат за хуманитарни цели. На овие хумани општини, денес им се придружи и Град Скопје.

Според официјално соопштение, откажана е прославата која требаше да се одржи на плоштадот „Македонија“. Износот од околу 2 милиони денари ќе биде дониран во социјални цели.

Новогодишна забава

„Градот Скопје ја информира јавноста дека се откажува од дочекот на Новата 2017 година што требаше да се одржи на плоштадот Македонија. Средствата коишто беа планирани за организирање на дочекот и се во износ од околу 2 милиона денари ќе ги донира во социјални цели. Одлуката каде ќе бидат донирани средствата ќе ја донесе Советот на Град Скопје.“

„Градот Скопје веќе 10 години наназад троши минимални средства за организирање на дочекот на Новата година затоа што забавата за граѓаните ја финансираа мибилните оператори во земјава, а годинава спонзор на забавата требаше да биде Македонски Телеком“ – стои во официјално соопштение на сајтот на Град Скопје.

Новогодишна забава Скопје

Новогодишно осветлување на елката на плоштад „Македонија“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11421 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.