• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Град во Босна и Херцеговина се откажа од прославата за Нова година, парите пренаменети за операција на болно дете

8 декември 2016, 22:00
  • cподели

Хуманоста на граѓаните на Какањ заслужува почит.

Градоначалникот на овој град во Босна и Херцеговина ја доби поддршката на граѓаните за да ја откаже планираната прослава за Нова година и парите да ги донира за лекување на мало дете.

Имено, на сметката на Евелин Алајбеговиќ биле префрлени 8.000 конвертибилни марки, односно сите пари предвидени за дочекот на Нова година на отворено. 7-годишното детенце страда од тумор на мозокот и мора итно да биде оперирано.

Хуманост

За операцијата во Германија биле потребни вкупно 130.000 конвертибилни марки, па голем број на волонтери започнале хуманитарна акција за да се собере високата сума. Благодарение на лица со големи срца, за помалку од 48 часа била постигната целта.

Хуманост

„Комунициравме со нашите сограѓани на социјалните мрежи и увидовме дека граѓаните сакаа да му се помогне на детето. Практично од нив започна оваа иницијатива средствата за дочекот на Нова година да се пренасочат за лекување на нашиот мал Евелин“ – изјавил градоначалникот Нермин Мандра, но и напоменал дека донацијата од општината не била голема и дека волонтерите биле позаслужни за достигнувањето на високата сума.

Хуманост

Дефинитивно ова е позитивна сторија која претпразнично грее срца и нè потсетува на моќта на добрината.

Tags
хуманост

Најнови

  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • dm

    Внатрешен мир и празнична нежност: твојот домашен спа ритуал со Balea Limited Edition производите

    Fri, 01/09/2026 - 13:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.