Почетна » Новости » Занимливости » Ѝ велеле дека е ниска за да биде модел, а победи на „Супермодел на годината“ во Австралија

Ѝ велеле дека е ниска за да биде модел, а победи на „Супермодел на годината“ во Австралија

Девојка висока 169 сантиметри беше прогласена за победничка на австралискиот натпревар „Супермодел на годината“. Претходно таа била одбиена откако кандидирала за учество во „Australia Next Top Model“ со изговор дека е прениска.

Кијана Гоут Кијана Гоут

Кога Кијана Гоут не добила место меѓу девојките учеснички на австралиското телевизиско шоу „Australia Next Top Model“, нејзината самодоверба значително се намалила. Сепак, тука било нејзиното семејство за да ја охрабри да се пријави на нов натпревар за избор на модели.

„Не верував многу во себе и ми требаше малку туркање“ – рекла 16-годишната Австралијка за Daily Telegraph.

Кијана Гоут Кијана Гоут Кијана Гоут

Кијана била пресреќна кога го слушнала своето име како победничко. „Толку бев среќна и збунета кога победив. Се сеќавам дека зјапав во мајка ми, прашувајќи се дали навистина победив. Толку многу плачев што не им дозволував на моите родители да ме фотографираат“ – рекла таа.

Кијана Гоут Кијана Гоут Кијана Гоут Кијана Гоут

Покрај титулата „победник“, Гоут освоила и 8.000 долари и договор со една од најголемите агенции со Австралија. Таа им советува на сите девојки кои сакаат да станат модели да го следат својот сон. „Мислам дека сите што сакаат договор за модели треба да го направат тоа. Искористете ги шансите“ – советува Гоут.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11253 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.