Почетна » Новости » Занимливости » Запознајте ја првата жена со Даунов синдром која е заштитно лице на бренд за убавина

Запознајте ја првата жена со Даунов синдром која е заштитно лице на бренд за убавина

Запознајте ја Кејти Мид, првата жена со Даунов синдром која е заштитно лице на производ за разубавување.

Кејти Мид

Компанијата „Beauty & Pin-Ups“ ја ангажираше Мид за да го претставува нивниот најнов производ за коса наречен „Fearless“ или „Бестрашен“, затоа што според раководителите на компанијата, таа е најбестрашната личност којашто ја познаваат.

Кејти има преживеано операција на срце, има освоено злато на параолимпијада и е амбасадор на организацијата за лица со пречки во развојот „Best Buddies International“. 35-годишниот модел постојано ги руши стереотипите и бариерите за лицата со Даунов синдром коишто постојат во општеството, покажувајќи дека секоја личност е убава.

Кејти Мид Кејти Мид

„Кејти е и ќерка, сестра и пријателка која ги руши бариерите, стереотипите и стигмите и освои безброј срца, вклучително и нашите. Таа е нашата единствена инспирација за нашиот најнов производ“ – пишуваат од компанијата.

Покрај тоа што е заштитно лице на „Fearless Hair Rescue Masque“, Мид има и друга мисија пред себе – да ги инспирира луѓето – и може да се каже дека е многу успешна во неа.

„Луѓето ме гледаат поради она што сум. Сакам да правам нови и различни нешта и да ги инспирирам жените да го направат истото. Убавината припаѓа секому“ – смета Мид.

Кејти Мид Кејти Мид

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11060 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.