Холи Барт некогаш била исмејувана заради висината и долгите нозе, но денес токму долните екстремитети се нејзин адут.
20-годишната студентка тврди дека ги има најдолгите нозе во Америка. Мерени од стапалото до колковите, нејзините нозе се долги 1,3 метри.
„Цел живот бев висока и понекогаш ме задеваа за тоа“ – изјавила Барт и додала дека ја нарекувале жирафа и дрво.
Барт е висока речиси 2 метри и вели дека не би се состанувала со понизок партнер. „За среќа, Њујорк е преполн со високи и згодни мажи“ – изјавила таа.
Американскиот рекорд за најдолги нозе досега го имаше Лорен Вилијамс. Нејзините нозе се за нешто повеќе од еден сантиметар покуси од нозете на Холи.
Лорен Вилијамс
