Почетна » Новости » Занимливости » Запознајте го „најплодниот маж во Европа“ Ед Хубен, кој досега има 106 деца и не планира за застане

Запознајте го „најплодниот маж во Европа“ Ед Хубен, кој досега има 106 деца и не планира за застане

Ед Хубен заслужено ја носи титулата „најплодниот маж во Европа“. Верувале или не, тој досега има зачнато 106 нови животи и не планира да престане. Неговата цел е да им помогне на колку што е можно повеќе луѓе да добијат дете. И го прави сето тоа бесплатно.

Ед Хубен

46-годишниот Холанѓанец, кој често е нарекуван „сперминатор“, е донор на сперма од 2002 година. Тој најпрво донирал во банки за сперма, но откако ја достигнал легалната граница, започнал да донира на „традиционален начин“. Сега Ед ги нуди своите услуги дома, забременувајќи ги жените по природен пат, т.е. преку секс.

Целта на Хубен е да им помогне на сите жени и парови кои сакаат да имаат дете. „Кога ќе слушнев за луѓе кои сакаат да му дадат на дете шанса за живот и многу љубов, а кога таа желба не можеше да биде исполнета, бев многу тажен“ – вака на својот сајт Ед објаснува зошто станал донор.

Но, доколку некој ја посакува помошта на Ед, прво треба да го убеди дека детето кое тој ќе го зачне ќе биде среќно во иднина.

Ед Хубен Ед Хубен

Ед го основал својот сајт за жените кои сакаат сами да одгледаат дете и паровите кои се соочуваат со неплодност да можат полесно да го пронајдат или за да одржува контакт откако ќе им подари дете. Хубен досега има сретнато половина од своите деца.

Понекогаш дури и сопрузите на жените со коишто спие присуствуваат на состаноците. „Можам да замислам дека им е тешко. Но, да го земеме како пример парот кој дојде кај мене од Белорусија. Возеа по повеќе од 1.500 км секој месец за да доаѓаат тука, три месеци по ред. Се обидуваа да имаат дете 15 годни, ги истрошија своите заштеди, докторите им ветуваа дека сè ќе биде во ред, но не беше. Дојдоа кај мене трипати и сега имаат бебе. Тие се над помислата дека непознат човек има секс со нивата сопруга“ – објаснил тој во интервју за BBC.

Ед Хубен Ед Хубен

Хубен има отворен ум и не дискриминира ниту една жена. Тој им има помогнато и на жени со инвалидитет и хендикеп и вели дека жените се совршени. „Сите жени се совршени. Само што физички некои се посовршени од други“ – вели тој.

За да го намали ризикот од инцест, тој чува список со сите мајки со коишто има спиено. „Ако понатаму во животот некое од моите деца сретне личност со непознат татко, ќе може да го консултира мојот список“ – објаснил тој.

Хубен во моментот има 46 години и планира да продолжи да ги нуди своите услуги додека да наполни 50. Благодарение на него досега се родени 106 животи не само во земјите низ Европа, туку и во држави како Бразил, Австралија и Јапонија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.