Почетна » Новости » Занимливости » „Замини по првата лага“: Жени во 40-тите години ги споделуваат советите кои би си ги дале себеси кога пак би имале 20+ години

„Замини по првата лага“: Жени во 40-тите години ги споделуваат советите кои би си ги дале себеси кога пак би имале 20+ години

Кога професорката Наша Џуниор отворено побарала од корисничките на Twitter да споделат совети кои ги научиле со годините и кои би си ги дале себеси кога би се вратиле во младоста, не очекувала дека ќе добие збирка со скапоцени животни лекции.

Прочитајте дел од советите кои жени со 40+ години посакуваат да ги имале добиено кога биле во нивните 20-ти години од животот.

Живот

Замини по првата лага.

Не дозволувај стравот да донесува одлуки за тебе.

Никогаш не трчај по некој што не те сака. Ниту по работа, ниту по некој што го сакаш, затоа што секогаш ќе молиш за нивното внимание. Оди каде што си посакувана, создавај можности за себе и никогаш не чекај некој да побара од тебе да го направиш она што сакаш да го направиш. Не заборавај колку вредиш!

Користи крем за заштита од сонце.
Биди конзистентна со здравата исхрана.
И...
Никогаш не се помирувај да бидеш со партнер кој не те сака, обожава, почитува и поддржува.
Биди она што си.
Биди силна и умна.

„Лошите момчиња“ не се ниту забавни ниту секси. Тие се лоши личности и ќе те повредат на некаков начин.

Не се плаши да работиш за твојата среќа.
Оди на одмор и направи слатки фотографии.
Престани да мислиш толку многу за мажот кој го сакаш. Тој или е твој или не е.
Само напред, пробај, најлошото што можат да ти го речат е „не“.

Не ја асоцирај љубовта со болка и скршено срце. Тие чувства се резултат на силните напори да сакаш луѓе кои намерно не те третираат добро.

Документирај ги твоите постигнувања, никој нема да го прави тоа за тебе.

Штеди повеќе, патувај повеќе, почесто вели НЕ.

„Треба“ е убиец.

Имам 62 години и би си кажала дека животот станува подобар со возраста. Сметам дека токму сега сум најпродуктивна и најкреативна. Повеќе не се грижам за ништо. Стареењето е сè.

Престани да се обидуваш да ги усреќиш сите. Поседувањето на предмети не е среќа, внимавај на парите. Ако некој ти е роднина, тоа не значи дека не може да биде токсичен.

Ослободи се од токсичните пријатели колку што е можно побрзо. Задржи ги добрите поблиску до себе.
Почесто давај си комплименти, како што го правиш за пријателка.
Зборовите болат, па не го заборавај тоа во текот на кавга.
Љубовта се раѓа повеќе од еднаш во животот.

Стравот е лажливец. Верувај му на твојот внатрешен глас. Не користи туѓо огледало за да ја видиш сопствената рефлексија.

Таа самодоверба која ја гледаш во жените на одредена возраст? Таа е родена од магичната истоштеност која прави да не ти е гајле за ништо. Биди трпелива. Сè уште не си доволно истоштена.

Почесто седи гола. Нема да го имаш тоа тело по 40-тата.

Чувствата на другите луѓе не се твој проблем.

Не си должна да одржуваш токсични врски... дури ни кога се со твој брат или сестра или со родителите.

Научи кои се твоите силни страни и дизајнирај живот во кој ќе можеш да ги користиш секој ден.

Бракот не значи среќа или исполнетост.
На нозе си секој ден, дозволи си подобри обувки.

И ова ќе помине. Навистина. Оној момент кога мислиш дека е крај на светот? Никој нема да го помни. Извлечи лекција од него и продолжи понатаму.

Ова ќе звучи поретро одошто би сакала, но... Ако се мажиш, избирањето на сопругот е најважната одлука која ќе ја направиш во однос на кариерата, финансискиот успех, децата и среќата. Избирај мудро.

Не мораш да се запалиш себеси за на сите околу тебе да им е топло.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10341 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.