Почетна » Новости » Занимливости » Зад кулисите: Како македонските балерини со маски го подготвуваа „Болеро“?

Зад кулисите: Како македонските балерини со маски го подготвуваа „Болеро“?

Пандемијата извесно време ја паузира културата, а потоа наметна строги протоколи кои се голем предизвик за креативците и уметниците.

Документарен запис ни доловува што сè се случуваше зад кулисите во „Националната опера и балет“ за подготовка на делото „Болеро“. Почитувајќи ги протоколите, дванаесет балерини од ансамблот при НОБ, предводени од кореографката Саша Евтимова, посветено и дисциплинирано вежбаа и танцуваа постојано со маски во едни од најтоплите летни денови, за да се подготват за премиерата на „Охридско лето“.

Александар Томовски (Instagram @tomovski.photography) ни дозволува да го погледнеме целиот процес на подготовки.

Видео

Учесници од балетскиот ансамбл: Ангела Богатинова, Медина Јусуфовиќ, Христина Накевска, Илијана Данилов, Ангела Велевска, Мила Ниновска, Бојана Христовска, Ивана Димкоска, Мартина Димовска, Меланија Гоцевска, Андријана Богатиноска, Симона Митовска.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11084 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.