Почетна » Новости » Занимливости » „Зага Продукција“: Свадбеното видео на Драгица и Радован најдобро во Европа

„Зага Продукција“: Свадбеното видео на Драгица и Радован најдобро во Европа

Во низата успеси на Зага Продукција има ново големо постигнување – прво место во категоријата „Best Wedding Highlights“ на Европскиот натпревар за најдобро свадбено видео.

Видеото „Heaven’s Touch“, кое е фокусирано на најспецијалните моменти од свадбениот ден на Драгица и Радован, беше наградено од Европската асоцијација на видеографи на настани (EEVA).

Свадбениот спот на швајцарскиот пар со српско потекло беше снимено во Германија и Швајцарија. Младенците се заколнале на вечна љубов на идиличниот остров Мајнау на Боденско Езеро.

Пет години по ред тимот на Зага достојно ја претставува Македонија на нaтпреварот на EEVA. Досега во нивни раце имаат завршено наградите: прво место во категоријата „Best Love Story“ во 2011; второ место во категоријата „Best Walk“ во 2013 година, трето место во категоријата „Best Pilot“ во 2014 година. Во продолжение, можете да ги погледнете сите победнички видеа.

Best Pilot 2014

Where have you been

The Best Walk 2013

The Goddess and her Soulmate

Best Love Story 2011

Desert rose

Зага Продукција е креативна компанија, основана од браќата Бојан и Далибор Митковски, која цели да го збогати најубавиот ден од животот на своите клиенти со прекрасни визуелни спомени. Во своето долгогодишно постоење, Зага Продукција ги овековечила драгоцените свадбени моменти на многу младенци од Македонија и пошироко.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11216 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.