Почетна » Новости » Занимливости » „За само 12 кратки години, ќе сонувате за овие моменти“: Блогерка со моќна порака за мајките на мали деца

„За само 12 кратки години, ќе сонувате за овие моменти“: Блогерка со моќна порака за мајките на мали деца

Блогерка со емотивен текст потсетува колку брзо растат децата и дека за само 12 кратки години стануваат самостојни личности на кои не им треба помош во секојдневните обврски.

Хедер Дилејни редовно допира до срцата на родителите, пренесувајќи им важни пораки преку својот блог „Love Always, Heather“.

Хедер Дилејни

Оваа фотографија беше направена пред дванаесет години.

Дванаесет години. Повеќе од една деценија.

Кога ќе го погледнете просечниот животен век, дванаесет години се многу малку.

Но, во мајчинските години, дванаесет години се сè.

Пред само дванаесет години, никој на оваа фотографија не спиеше цела ноќ. (Претпоставувам дека спиеше само моето 7-годишно дете. Ако почнувањето на денот во 5 часот наутро се брои како спиење цела ноќ.)

Дванаесет години подоцна, сите спијат цела вечер. Едно од трите деца дури и спие под различен покрив.

Пред само дванаесет (кратки) години, сечкав пилешки прсти и зеленчуци, дував на храната за да се олади пред малите усти да можат да ја јадат, правев бесконечни чу-чу возови од изгмечен благ компир и моркови на трпезата.

Дванаесет години подоцна, никој повеќе не бара од мене да му ја исечкам или изладам храната. Возовите чу-чу направени од бебешка храна сега се само спомен за кој се шегуваме одвреме-навреме.

Пред само дванаесет (кратки) години, менував пелени, избирав што ќе облечат тој ден, им ги миев забите и ги бањав.

Дванаесет години подоцна, сите се бањаат и си ги мијат забите без да ме прашаат. На никој повеќе не му требам за да му ги одберам алиштата.

Толку многу работи се променија во последниве дванаесет години.

Овие (кратки, но долги) дванаесет изминати години.

И на некој начин срцето ме боли кога ќе мислам на сите промени кои ќе дојдат за нашето семејство во претстојните дванаесет години. Тоа што ги гледам како растат и стануваат она што треба да се во овој свет ми стана една од најголемите радости во животот. Вистинска привилегија која никогаш нема да ја земам здраво за готово.

Уморни мајки на активни малечки,

Нема да ви речам да уживате во секоја минута и нема да ви речам да го впивате тоа.

Но, она што ќе ви го речам е дека за моментите во кои живеете сега (гласните и хаотичните) ќе сонувате за само дванаесет (кратки) години.

Чу-чу возови од бебешка храна и сето тоа.

Со љубов, Хедер

Хедер е мајка на три деца.

Хедер Дилејни

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11398 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.