Почетна » Новости » Занимливости » „За мајките кои тажат“: Емотивен текст од мајка која го изгубила своето дете

„За мајките кои тажат“: Емотивен текст од мајка која го изгубила своето дете

Мајка, која го изгуби своето бебе поради вродена срцева маана, со емотивен текст допре до илјадници родители кои се имаат соочено со најголемиот кошмар – смртта на дете.

Блогерката Лекси од „Scribbles and Crumbs“ со силни зборови се обидува да ги утеши мајките кои тажат и да им вдахне надеж. Нејзината идеја е разговорите за тагата породена од загубата на дете да станат нормални.

Прочитајте го нејзиниот текст:

Мајка која тагува

Ох, слатка мамичке...

Толку многу ми е жал што го читаш ова.

Знам дека ова е исполнување на твојот најголем кошмар. Знам дека ова не ти било план А, Б, В или Ш. Знам дека тежината на сето ова е задушлива, катастрофална и дека ти ја кине душата на секој можен начин. Знам дека би дала сè за да добиеш само уште еден момент.

Знам дека срцето ти е скршено. Колку многу посакувам да можев да направам повторно да се почувствуваш удобно. Посакувам да можев да ти ја избришам болката. Посакувам да можев повторно да ти го ставам бебето в раце. Да можеш да гледаш како расте. Сите кикотења, излупени колена и ескимо бакнежи – знам дека би уживала во секој момент. Знам дека би го мирисала тоа бебе сè додека не останеш без здив. Знам дека би ја дала секоја трошка од тебе за да ја спасиш секоја трошка од него, и дека би го правела тоа илјадници пати.

Знам дека ти недостига. Знам дека посакуваш да го мириснеш уште еднаш, уште еднаш да му го видиш лицето, да му го бакнеш размачканиот образ, а потоа да го замрзнеш тој момент во времето за да трае засекогаш. Има нешта кои фотографиите и видеата никогаш нема да можат да ги заменат, држењето на бебето во рацете е на врвот на таа листа.

Знам.

Кога би можела да го „поправам“ тоа, би поместила и планини. Боже мој, би го направила тоа веднаш.

Ти, слатка мамичке си толку храбра. Ти си силна. Ти си многу добра мајка.

Треба да го знаеш ова:

Во деновите кога сè што можеш да направиш е само да дишеш, треба да знаеш дека тоа е во ред е.

Во неделите кога живееш во хеланки и со сладолед за ручек, знај дека заслужуваш одмор. Вршиш добра работа.

Во деновите кога најсилно се обидуваш да се соземеш, но некако тоа не ти оди од рака, имај милост кон себе. Дај си простор за да дишеш, ти си толку сакана слатка мамичке.

Во деновите кога никој друг освен тебе не му го споменува името, знај дека ми е многу, многу жал. Храбро изговори му/ѝ го името. Знај дека сè уште постои, дека сè уште е тука и ти сè уште си негова мајка.

Во деновите кога чувствуваш дека ќе експлодираш од лутина и болка, оди некаде каде ќе бидеш сама, проколни го небото, нема ништо полошо од тоа да се преправаш. Едноставно немој. Те молам, дозволи си да чувствуваш. Помина низ премногу за да можеш да ставиш маска на себе, а и лекувањето не доаѓа кога живееме скриени зад фасада.

Во деновите кога светот ти кажува да се „излекуваш“ и да „продолжиш“, пријателке, лекувањето од загуба на дете не е како лекување од повреда. Нашите деца не беа скршена коска, тие се дел од нашите срца, а сега дел од нашите срца недостига. Пријателке, ќе се излекуваш, само не на начинот на кој светот очекува. Ќе дишеш полесно. Можеби ќе те боли малку помалку, но сум слушнала од мајките кои се далеку подалеку на тој пат од мене, дека копнежот никогаш, никогаш, никогаш нема да исчезне. Тоа е убавината, свирепоста и силата на мајчината љубов.

Мамичке, ти си силна. Ти си храбра. Ти вршиш добра работа.

Ти си засекогаш променета. Твојата љубов е силна. Тоа е ветувањето кое го даде кога се заколна дека ќе ја сакаш секоја секунда од неговиот живот и секоја секунда од твојот, независно од цената која твоето срце треба да ја плати. Ништо на светот не ми ја покажало безусловната љубов подобро од љубовта на мајка која тажи. Ја гледам твојата љубов. Посилна е од каква било болка, посилна од море од солзи, посилна дури и од фатот на смртта.

Знам дека поради таа љубов ќе ја совладаш секоја трошка болка илјадапати.

Кога не се чувствуваш така, погледни мамичке. Ете си, сè уште дишеш, сè уште стоиш. Ти си толку храбра.

Слатка мамичке пријателке, многу ми е жал што си тука. Знам дека си многу сакана.

Знај дека каде што има голема болка, има уште поголема љубов.

Ти испраќам многу љубов,

Мајка која знае

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27019 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.