Почетна » Новости » Занимливости » Жена добива букет и порака од покојниот сопруг за Св. Валентин секоја година по неговата смрт

Жена добива букет и порака од покојниот сопруг за Св. Валентин секоја година по неговата смрт

Дијана Мејвер доживува емотивно изненадување секоја година за Денот на вљубените.

77-годишната жена добива букет цвеќе и порака од покојниот сопруг за Св. Валентин шеста година по неговата смрт.

Дијана и Џон се запознале на 16-годишна возраст и биле во брак 47 години. „Имам само едно срце и тоа си ти. Ти секогаш ќе бидеш мојот Валентин. Те сакам Дијана. Со љубов Џон“ – пишува на пораката.

Дијана Мејвер

Букетот секогаш е направен од црвени рози и бели кринови. „Рози и кринови, бели кринови. Тие ја прикажуваат нашата љубов еден за друг“ – изјавила Дијана.

Дијана Мејвер Дијана Мејвер Дијана Мејвер

„Преку некаква магија, секога година букет цвеќе се појавува пред нашата влезна врата за неа од мојот татко“ – изјавила ќерката Марили.

„Треба да ја видите насмевката која се појавува на нејзиното лице кога ќе пристигнат цвеќињата. Ја облева неверојатна радост. Таа едноставно знае, знае дека тој е таму со неа“ – дополнила ќерката.

Дијана Мејвер

„Татко ми многу ја сакаше мајка ми и секогаш велеше дека тие се едно“ – вели Марили и додава: „Вистинската љубов постои. Љубовта може да постои низ животот и смртта. Мојот татко е ултимативниот романтичен тип“.

Дијана Мејвер Дијана Мејвер

Дијана и Џон имаат три деца.

Дијана Мејвер Дијана Мејвер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11471 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.