Почетна » Новости » Занимливости » Жена ги посети сите земји на светот за 18 месеци и стана најбрзата личност што го прошетала светот

Жена ги посети сите земји на светот за 18 месеци и стана најбрзата личност што го прошетала светот

Авантуристката, која целеше да стане најбрзата личност што го прошетала целиот свет, си ја исполни својата мисија. Кејси де Пекол за 18 месеци и 26 дена ги посети сите 196 земји низ светот, вклучително и нашата, за да се запише во Гинисовата книга на рекорди, не само како личноста што најбрзо го прошетала светот, туку и како првата жена што успеала да го направи тоа.

Кејси го посети Охрид во октомври 2015 година.

Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол

Целото патување Кејси го документираше со фотографии на Instagram. Следниот предизвик на неуморната авантуристка е посета на најјужниот континент – Антарктикот.

Де Пекол ја започнала својата мисија во јули 2015 година откако дала отказ од работното место кое не ја исполнувало, а ја завршила на 2 февруари 2017 година. За помалку од 19 месеци, таа успеала да помине низ сите 193 суверени држави плус Косово, Тајван и Палестина. Вкупната сума потрошена од неа во текот на патувањето изнесувала 198 илјади долари, а мисијата наречена „Expedition196“ во најголем дел била финансирана од спонзори.

Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол

„Уште како ученичка имав желба да ја посетам секоја земја на светот, за да научам повеќе за секоја култура, за секое природно живеалиште и за секоја религија“ – рекла Кејси. „Се прашував што има надвор од Северна Америка и како изгледа. Дали на Блискиот Исток е како што кажуваат на вестите? Што е со Амазон?“ – додала таа.

„Независно што си мислите, оваа експедиција не беше лесна“ – пишува таа на Facebook.

„Се надевам дека ќе инспирирам млади жени низ светот да следат цели и подвизи кои се толку далечни, што луѓето си мислат дека може да бидат достигнати само од мажи“ – вели де Пекол.

Кејси во просек поминувала од два до пет дена во една земја.

Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11419 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.