Почетна » Новости » Занимливости » Посетила 180 земји за 15 месеци, меѓу кои и Македонија, за да стане жената која најбрзо го прошетала светот

Посетила 180 земји за 15 месеци, меѓу кои и Македонија, за да стане жената која најбрзо го прошетала светот

Авантуристка има амбициозна цел – да се запише во Гинис како жената која за најкратко време ја има посетено секоја држава од светот. Таа веќе ја има посетено нашата Македонија, поточно градот Охрид, од каде сподели прекрасни фотографии на својот профил на Instagram.

Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол

Пред 15 месеци, во јули 2015 година, Кејси де Пекол од Вашингтон го започна својот пат околу светот со намера да ги посети сите суверени држави плус Косово, Тајван и Палестина. Досега таа има посетено 180 држави со преку 254 авионски летови, а и преостануваат уште 45 дена за да ја исполни својата мисија.

Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол

„Уште како ученичка имав желба да ја посетам секоја земја на светот, за да научам повеќе за секоја култура, за секое природно живеалиште и за секоја религија“ – вели Кејси.

Бидејќи во САД живеат лица од многу различни култури, а самата Кејси имала потекло од Европа, таа сакала да научи повеќе за земјите од кои доаѓале тие лица. „Се прашував што има надвор од Северна Америка и како изгледа. Дали на Блискиот Исток е како што кажуваат на вестите? Што е со Амазон? “ – додава упорната девојка која исто така работи и на подигнување на свеста за мирот преку туризмот.

„Се обидувам да поминам најголем дел од времето во земјите во кои престојувам за да ја промовирам мојата мисија да направам промена. Во просек минувам два до пет дена во секоја земја“ – објаснува де Пекол за своето патување.

Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол

„Иако сè уште немам станато првата жена која има поминато низ сите земји низ светот, претпоставувам дека чувството на постигнување ќе биде неверојатно. Се надевам дека ќе инспирирам млади жени низ светот да следат цели и подвизи кои се толку далечни, што луѓето си мислат дека може да бидат достигнати само од мажи“ – додава таа.

Патешествието на Кејси е финансирано од спонзори. Досега, таа има потрошено речиси 200 илјади долари.

Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол Кејси де Пекол

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11762 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.