Почетна » Новости » Занимливости » „Еуролинк“: Бесплатна школа по уметничко лизгање за деца од 6 до 16 години

„Еуролинк“: Бесплатна школа по уметничко лизгање за деца од 6 до 16 години

Децата на возраст од 6 до 16 години ќе можат бесплатно да ги учат техниките по уметничко лизгање на бесплатната школа организирана од компанијата „Еуролинк осигурување“. Курсот ќе почне на 16 февруари, ќе трае до 16 март, а ќе се одржува на лизгалиштето во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Основите на овој зимски спорт ќе се изучуваат под раководство на професионалниот тренер по уметничко лизгање, Ксенија Јашташењски Симиќ.

Бесплатна школа за уметничко лизгање од Еуролинк

Ова е единствен проект од ваков тип кој има за цел да им овозможи на најмладите во текот на зимскиот период да можат активно да спортуваат и да го поминуваат слободното време на креативен и корисен начин.

Родителите можат да ги пријават своите деца за учество во школата со испраќање на порака во инбокс на Фејсбук профилот на „Еуролинк осигурување“ www.facebook.com/eurolinkmk. Пораката треба да содржи фотографија од детето со информации за тежина, висина и број на лизгалки. Пријавувањето веќе е во тек и ќе трае до 16 февруари (понеделник).

Селекцијата на пријавените учесници ќе ја врши стручен тим кој ќе избере 25 деца кои ќе имаат можност два пати неделно да ја посетуваат школата. „Еуролинк осигурување“ на избраните учесници ќе им обезбеди бесплатни термини за уметничко лизгање во траење од еден месец, брендирана опрема и лизгалки.

Часовите во рамките на школа се дизајнирани да ги воведат децата во основите на уметничкото лизгање и да ги поттикнат нивните природни способности и афинитети кои можеби понатаму ќе се развиваат и професионално. Сите деца кои успешно ќе ја завршат школата ќе добијат сертификати за учество кои ќе им бидат доделени на завршната претстава.

Бесплатната школа за уметничко лизгање е организирана во рамките на корпоративната платформа за општествена одговорност „Еуролинк - Вашата врска со вистинските вредности“ чија цел е поддржување и афирмирање на македонската култура, уметност и образование.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11220 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.