Почетна » Новости » Занимливости » Емотивно: По 215 дена во болница, девојче дознава дека ќе добие ново срце

Емотивно: По 215 дена во болница, девојче дознава дека ќе добие ново срце

Болно девојче не можеше да си ја сокрие среќата кога дозна дека наскоро ќе добие ново срце и нова шанса за нормален живот.

11-годишната Ава помина 215 дена во болница, чекајќи да дојде нејзиниот ред за трансплантација. Радосниот момент беше снимен и стопли многу срца низ светот. Само што ја слушна убавата вест, веднаш му соопшти на татко си со кого разговараше преку видео повик.

Ава Ава

Видео:

Ава се бори со сериозни срцеви проблеми уште од самото раѓање. Таа се родила со дупка во срцето, кое ѝ било сместено на спротивната страна од градниот кош, а коморите ѝ пумпале обратно.

Борбата на Ава започнала веднаш по раѓањето. Првата операција на срце ја имала само неколку дена подоцна. До петтата година храброто девојче преживеало неколку отворања на срцето, но минатото лето состојбата драстично ѝ се влошила. Единствениот излез бил трансплантација на срце.

Ава Ава Ава Ава Ава Ава

Д-р Мадлен Таунсенд од медицинскиот тим што се грижеше за Ава изјави дека ѝ ја шепна веста на увце, бидејќи сакала таа самата да им ја соопшти на родителите.

„Нејзината насмевка тој ден, е еден од најубавите моменти во мојата работа“ – рекла докторката.

Ава Ава Ава Ава Ава

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30257 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.