Почетна » Новости » Занимливости » Емотивно изненадување: За 30. роденден добил честитка од татко си, 16 години по неговата смрт

Емотивно изненадување: За 30. роденден добил честитка од татко си, 16 години по неговата смрт

Корисникот на Reddit ChrisBenRoy доби емотивно изненадување за 30. роденден од неговиот татко кој починал од рак пред 16 години. Станува збор за обична роденденска честитка, но кога доаѓа од драг човек кој пред повеќе од деценија го напуштил овој свет, тоа дефинитивно е најубавиот подарок, за каков што сонува секој што изгубил родител.

Честитка

„Наполни 30? Знаеш што значи тоа.... Време е да го отфрлиш зборот „батка“ од твојот речник и да престанеш да ја носиш твојата бејзбол капа наопаку“ – пишува во картичката.

Внимателниот татко починал во 1999 година од рак на белите дробови и црниот дроб. Но, пред да ја изгуби битката со болеста, тој купил повеќе роденденски картички, ги потпишал и ѝ ги дал на сопругата за да ги радува синовите за нивните позначајни родендени. Така, неговите деца добиле честитки кога наполниле 13, 20, 21 и 25 години, како и кога положиле за возачка дозвола, но ChrisBenRoy вели дека не ја очекувал последната картичка.

„Неверојатно е чувството што ги имам тие мали моменти кога тој на некој начин повторно се појавува во мојот живот. Плачев, но заради тоа што бев неверојатно среќен“ – напишал благодарниот син.

Откако ChrisBenRoy ја споделил својата сторија, уште неколку корисници на Reddit признале дека имале слично искуство.

„Татко ми имаше подготвено подарок за мене за дипломирањето и за свадбата. Беше многу емотивно. Сè уште ги носам бисерите од дипломирањето секогаш кога ми недостига. Не ми е гајле дали носам фармерки и маичка, бисерите се на мене“ – споделила една жена.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11333 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.