Почетна » Новости » Занимливости » Емотивно видео: Младоженец танцува со својата мајка болна од АЛС на песната „Hero“

Емотивно видео: Младоженец танцува со својата мајка болна од АЛС на песната „Hero“

Специјалниот танц на Лук Роулт со жената која отсекогаш била негов најголем херој ќе ви го згрее срцето.

На свадбениот ден, грижливиот син танцувал со својата мајка Ребека и ги расплакал сите присутни на прославата.

Видеото од незаборавните моменти било објавено од сопругата на Лук, Кристина. „Немаше ниту едно суво око во ресторанот, сите беа трогнати од танцот. Солзите се појавија веднаш штом Лук клекна на колена и започна да танцува со неа“ – изјавила Кристина.

Ребека боледувала од амиотрофична латерална склероза (АЛС). Таа починала една година по свадбата која се одржала во 2008 година, но танцот засекогаш ќе остане како драгоцен спомен за Лук.

„На сите им кажувам дека тоа е празнина која никогаш не може да се исполни. Никогаш не сум се сметал себеси за мамин син, но отсекогаш сум ценел сè што таа правела за мене. Кога ќе пораснеш, се засилува моќта на тие чувства“ – рекол Лук.

 Лук и Ребека Роул  Лук и Ребека Роул Лук со своите родителиЛук со своите родители

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11122 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.