Почетна » Новости » Занимливости » Емотивната прва средба на сираче со Даунов синдром и семејството кое го посвојува

Емотивната прва средба на сираче со Даунов синдром и семејството кое го посвојува

Првата средба на девојче со Даунов синдром и семејството кое го посвојува нема да ве остави рамнодушни.

Шестгодишната Луси речиси цел живот живеела во сиропиталиште. Пред неколку дена таа пристигнала на аеродром во Хјустон, Тексас, за да ги запознае своите нови родители. Силната прегратка на Луси со новата мајка Одри Шук ќе ви го стопли срцето.

„Здраво! Здраво! Јас сум мама!“ – ѝ вели Одри на Луси во видеото. Малото девојче веднаш го повторува зборот „мама“.

Видео од средбата

Средбата на Шук со Луси

Брент и Одри Шук се запознале во средно училиште и отсекогаш сакале да посвојат дете од Кина. Брачните партнери кои веќе имаат пет свои деца, се заљубиле во Луси откако виделе видео во кое таа танцува и пее.

Малата ЛусиМалата Луси

„Отсекогаш ги сакав децата со посебни потреби, особено децата со Даунов синдром“ – изјавила Одри.

Семејството Шук веќе го има започнато процесот за посвојување на Луси.

Брент и Одри Шук со Луси и петте биолошки децаБрент и Одри Шук со Луси и петте биолошки деца

Погледнете го видеото со кое Луси ги освои срцата на семејството Шук.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11344 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.