Почетна » Новости » Занимливости » Емотивна средба на Претседателот Стево Пендаровски со неговата прва учителка

Емотивна средба на Претседателот Стево Пендаровски со неговата прва учителка

По повод почетокот на новата учебна година, Стево Пендаровски имаше емотивна средба со неговата прва учителка Борка Палифровска.

56-годишниот Претседател и 86-годишната поранешна просветна работничка се потсетија на првите лекции и учениците, а разгледаа и албум со фотографии постари од 40 години од времето на неговите школски денови.

Стево Пендаровски и Борка Палифровска

„Емотивна средба со мојата прва учителка Борка Палифровска. Се потсетивме на првите лекции и ученици, а 86-годишната Бојка се сеќава на сите нас, по име и по презиме. Уште поголемо изненадување за мене беа црно – белите фотографии коишто ги чува за спомен, стари повеќе од 40 години. Ми раскажа дека веќе 25 години е во пензија, а времето го поминува покрај со читање и со своите деца и внуци. Бојка е доказ дека првите учетелки ги памтиме доживотно. Покрај преубавите спомени, ме испрати и со малку грозје од нејзиниот двор. И посакувам долг век и пак да се видиме за некоја година да поразговараме“ – стои во описот на фотографиите на официјалниот профил на Претседателот Пендаровски на Facebook.

Стево Пендаровски и Борка Палифровска Стево Пендаровски и Борка Палифровска Стево Пендаровски и Борка Палифровска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11587 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.