Почетна » Новости » Занимливости » Емотивна реклама: Девојка се откажува од образованието за да се грижи за семејството

Емотивна реклама: Девојка се откажува од образованието за да се грижи за семејството

Приказната за девојка која избира да се откаже од сонот да се школува за да се грижи за својот татко инвалид и малите брат и сестра ќе ви ги насолзи очите.

Видеото го следи животот на Сеу Фанг. Амбициозната девојка учи, работи и се грижи за татко ѝ кој е во инвалидска количка и за малите брат и сестра. Таа наоѓа време да ги исполни своите обврски и да учи во доцните вечерни часови, што резултира со одлични оценки на крајното тестирање и можност понатаму да го продолжи своето школување.

Сепак, Сеу Фанг носи одлука да се откаже од својот сон и да започне работа со полно работно време за да може да се грижи за семејството, велејќи му на својот татко дека оценките ѝ биле лоши. Погледнете ја неговата бурна реакција, но и моментот кога ќе сфати колку љубов носи неговата ќерка во нејзиното срце:

„Без разлика на сè, ниту едно дете не треба да ја жртвува својата иднина“ – се вели на крајот од видеото кое е базирано на вистинска приказна.

Видеото „Last Day of School“ е реклама на осигурителната компанија NTUC Income, која во соработка со програмата за развој на OrangeAid цели да им помогне на сиромашните деца да се школуваат.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11488 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.