Почетна » Новости » Занимливости » Елена Зетова: AVON нуди неограничен потенцијал за заработувачка

Елена Зетова: AVON нуди неограничен потенцијал за заработувачка

Во ниту една друга компанија не би можела за краток временски период да добијам толку одговорна и напредна позиција како Менаџер за продажба, вели Зетова

Струмичанката Елена Зетова (33) една деценија е дел од тимот на AVON Македонија, период во кој постепено напредувала во кариерата. Почнала во 2005 година како Претставник, за по два месеца да почне сопствен бизнис како Координатор. Резултатите кои континуирано ги постигнувала на таа функција ѝ овозможиле по две години да стане Регионален менаџер, позиција која успешно ја извршува веќе осум години. Зоната за која таа е одговорна вклучува 13 градови од Источна и Југоисточна Македонија, 80 Лидери за кои е директно одговорна, како и 1.600 Претставници. Зетова е омажена и е мајка на две деца од 9 и 12 години.

Елена Зетова

Што точно претставува позицијата „Регионален менаџер“ и колку Ве исполнува таа работа?

Регионален менаџер е позиција со која сте одговорни за растот и развојот на бизнисот во одреден регион. Работата комплетно ме исполнува бидејќи имам слобода и неограничени можности за развивање на бизнисот, но истовремено се надградувам и самата, како и луѓето со кои соработувам.

Со оглед на тоа дека сте многу зафатена со работните обврски, Ви останува ли слободно време? Како го поминувате?

Слободното време најчесто ми е резервирано за моето семејство. Во моментов немам хоби со кое интензивно се занимавам, но се обидувам барем двапати неделно да најдам време за физичка активност како пешачење, фитнес, возење велосипед.

Како правите рамнотежа меѓу професионалните и личните обврски?

За работите што ги сакате секогаш има време, важно е тоа добро да биде испланирано и организирано. Имам флексибилно работно време што ми дозволува да си посветам доволно внимание себеси, на семејството и на пријателите.

Зошто почнавте да соработувате со AVON?

Можностите за брз напредок во кариерата ми беа појдовна точка за да почнам да работам со AVON. Во ниту една друга компанија не би можела за краток временски период да добијам толку одговорна и напредна позиција како Менаџер за продажба. Дополнителна мотивација се можностите за сопствено надградување со најразлични менаџерски вештини преку многубројните обуки кои континуирано ги посетуваме, како и можноста да им помагаш на други луѓе да почнат сопствен бизнис и да направат промена во нивниот живот.

Елена Зетова

Што ве мотивира денес во работата со AVON?

Има повеќе работи. Пред сè, задоволството да работиш во компанија која е лидер во продажба на светскиот пазар, но истовремено има и бројни филантропски активности со кои им помага на други луѓе. Мотив плус се неограничениот потенцијал за заработувачка, флексибилното работно време, обуките, како и големата поддршка која компанијата ми ја обезбедува за развој на бизнисот. Со работата во AVON имам можност секој ден да запознавам нови луѓе, да влијаам врз жените кои што сакаат да научат како да бидат успешни и да изградат кариера додека сè уште студираат. И на крај, да добивам награди и признанија за сè што е сработено.

Како влијае врз Вас фактот дека имате сопствена фирма?

Ме прави да се чувствувам независна, самоуверена, исполнета и среќна.

На кој начин компанијата Ви помага во развивањето на сопствениот бизнис?

Преку најразлична материјална и тренинг поддршка за која не треба да плаќам дополнително.

Како Ве доживуваат луѓето од вашиот тим, а како Ве доживуваат Вашите пријатели и семејството?

Луѓето од мојот тим знаат и успеваат да научат многу работи од мене. Сепак, тие ми се партнери во работата со кои имаме извонредна соработка и ги делиме заедничките успеси. За пријателите сум жена која сама успеала да постигне многу работи во животот, секогаш насмеана, позитивна и расположена за дружење. За семејството останувам сопруга и мајка која наоѓа време да се справи со сите домашни обврски и да помогне во пишувањето на домашните задачи.

Елена Зетова

Какви награди и бонуси сте добиле досега во AVON? Колкава е најголемата заработена сума досега?

Во мојата осумгодишна работа како Регионален менаџер имам добиено повеќе награди, признанија и бонуси и најискрено сите ми се многу драги зашто се потврда на сработеното. Меѓу нив се признанија за најмногу нови Претставници, нови Лидери, две години најголем раст на продажбата. Покрај повеќето парични бонуси, наградите што никогаш нема да ги заборавам се неодамнешното патување во Париз, како и патувањето во Лас Вегас и во Холивуд. Мојата лична најголема заработувачка за три недели во AVON изнесува 230.000 денари.

Што сакате да постигнете во AVON? Кон што се стремите?

Пред сè, кон постигнување уште многу успеси, а најголем успех за секој Регионален менаџер е доколку успее да изгради успешни и среќни менаџери во својата структура. Тоа е нешто кон што ќе се стремам во иднина, да изградам среќен, мотивиран тим за работа кој заработува колку мене или повеќе од тоа.

Која е Вашата главна стратегија за зголемување на тимот на Претставници и заработувачка?

Секојдневното запознавање нови луѓе, нудењето можности за заработувачка и кариера на секого, промовирањето на програмата за стажирање на студенти при што добиваат далеку поголема заработувачка од кое било друго стажирање, споделување на моите успеси кои за многу луѓе изгледаат недостижни. Сепак и најдолгиот пат започнува со првиот чекор, тоа е мојот единствен совет до сите.

На кој момент во AVON најмногу се гордеете и зошто?

Освен растот во продажбата кој го мери успехот на еден Регионален менаџер, мој најголем успех сепак е што изградив сопствен тим на успешни Лидери и Менаџери кои се пример за многу луѓе.

Што планирате да правите во следните три години, односно дали и понатаму се гледате на оваа позиција во AVON?

Планирам да продолжам како дел од AVON. Планирам да успеам да мотивирам и инспирирам уште многу луѓе да бидат дел од мојот тим и да бидам дел од градењето на нивните успешни приказни. Цел ми е да си ги исполнам желбите и целите, да постигнам уште подобри резултати на балканско ниво, а со тоа и да остварам поголема заработувачка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11505 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.