Почетна » Новости » Занимливости » Ексклузивна претпродажна кампања на Т-Мобиле за Samsung Galaxy S6 и S6 Edge

Ексклузивна претпродажна кампања на Т-Мобиле за Samsung Galaxy S6 и S6 Edge

Т-Мобиле Македонија за своите корисници организира ексклузивна претпродажна кампања за Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 Edge. Новиот Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 Edge во претпродажба можат да се купат само онлајн до 17 април. Корисниците можат да ги нарачаат телефоните на www.t-mobile.mk.

Со нарачка на телефоните по електронски пат, корисниците добиваат дополнителни бенефиции: попуст на телефоните од 10 отсто, три месеци без месечна претплата, како и безжичен полнач.

Samsung Galaxy S6

Телефоните Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 Edge се достапни во Доверба 24 за сите корисници на Play Comfort, Play Extra и Play Premium, а за бизнис корисниците со тарифните модели Business Promo L, Business Promo XL и Business Smart XXL. Корисниците ќе ги добијат нарачаните уреди после 21 април.

Новиот Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 Edge се најтенките телефони на Samsung, изработени од најсофистицирани материјали, излеани во тенка, компактна, комплетно метална и стаклена конструкција. Galaxy S6 и Galaxy S6 Edge се опремени со функција за брзо полнење на батеријата, која што овозможува гледање на видео содржини во висока резолуција дури до 2 часа. Дополнително, со можност за безжично полнење на батеријата, телефоните се подготвени за безбедно извршување на сите секојдневни обврски.

Како спој на прекрасна естетика и иновативна функционалност, уникатниот двојно заоблен раб на Galaxy S6 нуди нов начин за проверка и одговор на повици, пораки и електронска пошта, кој совршено се вклопува со сите дневни планови.

Телефоните Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 имаат предна 5-мегапикселна и задната 16-мегапикселна камера, секогаш подготвена за совршени фотографии пред сè како резултат на функцијата Optical Image Stabilisation, брзиот автофокус и поголемите леќи со f1.9 отвор, коишто покажуваат одлични резултати дури и при слаба осветленост. Камерата се вклучува исклучително брзо за само 7 секунди, при што овозможува да се фотографираат повеќе несекојдневни моменти.

Во редовна продажба телефоните Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 Edge ќе се најдат во Телеком продавниците од 20 Април.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11469 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.