Почетна » Новости » Занимливости » Другата страна на Индија: Во село се засадуваат по 111 дрвја за секое родено девојче

Другата страна на Индија: Во село се засадуваат по 111 дрвја за секое родено девојче

Иако живеат во земја во која се фаворизира машкиот пол и каде девојчињата се сметани за товар на семејството, жителите од индиското село Пиплентри создаваат прекрасна традиција која го слави раѓањето на ќерка. За секое родено девојче, тие засадуваат по 111 дрвја.

Село Пиплентри

Оваа неверојатна традиција, која поттикнува промени во однесувањето спрема жените, била започната во 2006 година од поранешниот лидер на селото Шајам Паливал. Шајам прв засадил 111 дрвја во чест на својата ќерка која починала додека била млада.

Но, садењето на дрвја не е единствениот подарок за новородените девојчиња. Жителите на Пиплентри исто така имаат развиено свој метод за да им обезбедат финансиска сигурност на женските бебиња за тие да не бидат товар за семејството кога ќе пораснат.

Село Пиплентри

Секогаш кога во селото ќе се роди женско бебе, жителите собираат таканаречена „доверба“. Тоа е всушност сума од 500 долари, од кои една третина покриваат родителите на новороденчето. Парите се ставаат на сметка, а девојчето може да ги користи откако ќе наполни 20 години.

Како возврат за подарената „доверба“, родителите на бебето мора да потпишат писмена заклетва дека нивната ќерка ќе биде омажена откако ќе наполни 18 години и ќе добие соодветно образование. Исто така, тие се обврзуваат да се грижат за дрвјата кои се посадени по раѓањето на ќерка им.

Село Пиплентри

Досега, селото Пиплентри е заслужно за засадувањето на повеќе од 280.000 дрвја, а со текот на годините, жителите започнале и да заработуваат од нив. За да ги заштитат дрвјата од термити, тие засадиле над 2,5 милиони растенија алое вера, од кои подоцна започнале да произведуваат сокови и гелови кои ги продаваат на пазарот.

Село Пиплентри

Еден од жителите кој минатата година засадил 111 дрвја во чест на ќерка си изјавил дека кога ги гледа младите стебленца, ја чувствува истата среќа како кога ја лула својата ќерка.

Неспорно е дека Пиплентри е вистинска оаза на земјата и е место каде жените ја добиваат заслужената почит.

Село Пиплентри

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11165 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.