Почетна » Новости » Занимливости » Другарство: Цело одделение во Сараево научило знаковен јазик за да комуницира со глувонем соученик

Другарство: Цело одделение во Сараево научило знаковен јазик за да комуницира со глувонем соученик

Мали дечиња со големи срца од Сараево научија знаковен јазик за да можат да комуницираат со глувонем соученик и добија пофалби од целиот свет.

Зејд Ќоралиќ Зејд Ќоралиќ

Минатата година мајката на 6-годишниот Зејд Ќоралиќ, кој е глувонем, одлучила да го запише својот син во нормално основно училиште во Сараево. Учителката Санела Љумановиќ без колебање прифатила.

Зејд Ќоралиќ

Во септември Зејд тргнал во школо, но за жал, никој во одделението не знаел знаковен јазик и не можел да комуницира со Зејд, вклучително и самата учителка. Таа се обидела преку трикови и знаци да се поврзе со него, но откако не успеала, смислила нешто прекрасно. Наместо само таа да го научи јазикот на својот глувонем ученик, Санела предложила цел клас првоодделенци да учат со неа.

Зејд Ќоралиќ Зејд Ќоралиќ Зејд Ќоралиќ Зејд Ќоралиќ

Три месеци подоцна, соучениците на Зејд од основното училиште „Осман Накаш“ во Сараево ја совладале основата на знаковниот јазик и започнале да разговараат со својот другар, истовремено забавувајќи се. „Сакам да го учам јазикот на Зејд за да можам да разговарам со него и со други глуви луѓе. Многу е забавно“ – рекол еден соученик.

По убавиот гест на учителката, самодовербата на малото дете нагло започнала да се зголемува и тој со нетрпение го очекува секој школски ден. „Зејд со нетрпение чека да оди на училиште, сега е среќен и мотивиран“ – рекла мајка му.

Зејд Ќоралиќ Зејд Ќоралиќ

Следната цел на учителката на Зејд е да го научи да чита од усни.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11072 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.