Почетна » Новости » Занимливости » Докторки позираат во бикини и униформи за да возвратат на сексистичко истражување

Докторки позираат во бикини и униформи за да возвратат на сексистичко истражување

Можеби на социјалните мрежи сте наишле на фотографии од медицински лица кои позираат во работна униформа и во бикини. Нивните објави имаат значајна цел.

Во августовското издание на списанието „Journal of Vascular Surgery“ беше објавено истражување, кое ги осудува медицинските лица затоа што споделуваат фотографии на социјалните мрежи на кои носат бикини и провокативна облека.

Медицински лица

Истражувањето „Prevalence of unprofessional social media content among young vascular surgeons“ било направено од тројца мажи кои направиле лажни профили за да ги следат активностите на колегите од Васкуларна хирургија на социјалните мрежи за да откријат кои нивни постапки се „непрофесионални“. Според нивната дефиниција, под несоодветна облека се подразбира долна облека, провокативни костими за Халовин, провокативно позирање во бикини/костими за капење, а несоодветно однесување е држење чаша со алкохол.

Медицински лица

Медицински сестри и докторки веднаш возвратија на ударот споделувајќи фотографии на кои позираат по бикини и униформи со хаштаг #MedBikini. MedBikini се претвори во движење против сексизмот, кое потсетува дека докторите имаат личен живот надвор од нивните кабинети и дека нема ништо лошо во тоа.

Откако наидоа на жестоки критики, авторите јавно се извинија и го повлекоа истражувањето.

Медицински лица

„Интересно е како понекогаш се одвиваат нештата. Ова истражување за васкуларната хирургија спои толку многу заедно и генерираше многу позитивна енергија. Не сум сигурна дали некогаш претходно имало толку многу обединување и поддршка помеѓу жените во медицинската заедница. Во најголем дел од времето во болницата не зборувам за мојот приватен живот, бидејќи фокусот не е на мене, туку на пациентите. Но, откако синоќа и утрово работев повеќе од 24 часа и постојано бев на нозе, навистина ја ценам физичката форма во којашто сум.“

„#MedBikini не е движење во кое ‘Докторите здивуваат’. Ова е движење во кое жените велат ‘еј можам да се грижам за други луѓе, но важно е да се грижам и за себе’. Како здравствен професионалец, верувам дека ‘професионално’ значи да го правиш она што го зборуваш. Однесувај се кон себе онака како што сакаш твојот пациент да се однесува кон себеси“ – Доктор Сани Ендрус.

Медицински лица

„Доктор Бикини ќе ти го спаси животот сред океан кога ќе се судриш со чамец. Ќе те изнесам надвор од океанот на даска за сурфање, ќе ти ги преврзам крвавите рани, ќе те земам под мојата опремена итна помош, ќе те стабилизирам еден час со инфузии, кислород, морфиум, течности... и ќе летам со тебе со хеликоптер до локалната болница, ќе ги нарачам и прочитам сите резултати, ќе те ставам под седативи и ќе одлетам со тебе со авион во специјализирана болница во друга држава...“

„Денес, застанувам во солидарност со женските хирурзи од васкуларна хирургија. ЖЕНСКИТЕ ДОКТОРИ МОЖАТ ДА НОСАТ ШТО И ДА ПОСАКААТ. Женските доктори, медицински сестри и сите медицинари можеме да носиме бикини, фустан или можеме да носиме работна облека. Ова не менува колку сме добри во негата која ја пружиме. Можеме да носиме што и да посакаме во нашето слободно време и пак да ви го спасиме животот.“

„Сексизмот во медицината е жив и постои, но нема да дозволиме тоа да нè запре. Во ова истражување „несоодветно однесување на социјалните мрежи“ е дефинирано како ЖЕНИ ВО БИКИНИ, но НЕ МАЖИ ВО КОСТИМ ЗА КАПЕЊЕ.“

„Жени во медицината: Без разлика дали сте медицински сестри или практиканти постирајте ја вашата омилена фотографија во бикини, фустан, Халовин, што било и означете ме мене и #MedBikini. Мораме да го задушиме сексизмот во медицината и да продолжиме напред. Луѓе, 2020 година е. Сексизмот е откажан.“

Медицински лица Медицински лица Медицински лица

„Жената може да има убавина и мозок. Таа може да биде паметна и секси. Може да биде забавна и да работи напорно. Може да носи што и да посака. Може да биде СÈ што ќе посака да биде.“

Медицински лица Медицински лица Медицински лица

„Не ѝ судете на книгата или на жена професионалец според нејзината корица. Смешно е да ги осудуваме жените затоа што имаат женско тело. Зошто да криеме некоја страна од себеси? Да се биде жена со женска фигура не е ништо понавредливо од тоа да се биде маж со машко тело.“

„Гордејте се со себе и со вашите постигнување независно дали сте маж или жена. Потребна е напорна работа за да се остане физички и ментално фит. Потребна е желба за да се јаде здраво, да се вежба, да се спие и да се балансира стресот.“

„Ако некој го сподели својот здрав начин на живот или својата женственост, не е знак на непрофесионализам. Осудувањето на колега зашто се споделил себеси како човечко суштество е она што е непрофесионално.“

Медицински лица Медицински лица Медицински лица Медицински лица Медицински лица Медицински лица Медицински лица Медицински лица Медицински лица Медицински лица Медицински лица Медицински лица Медицински лица Медицински лица Медицински лица Медицински лица Медицински лица Медицински лица Медицински лица Медицински лица Медицински лица Медицински лица Медицински лица Медицински лица Медицински лица Медицински лица

Подоцна, во движењето се придружија и голем број мажи.

Медицински лица Медицински лица Медицински лица Медицински лица Медицински лица

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11140 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.