Почетна » Новости » Занимливости » Доктор Ранко Рајовиќ: „Децата не треба да бидат центар на светот, ниту на семејството, тие се дел од него“

Доктор Ранко Рајовиќ: „Децата не треба да бидат центар на светот, ниту на семејството, тие се дел од него“

Дали огромната љубов и преголемото внимание кон вашето дете можат да му наштетат наместо да му помогнат? Дали несвесно ги презаштитуваме нашите најмили?

Докторот Ранко Рајовиќ ги има одговорите на прашањата кои родителите честопати си ги поставуваат.

Ранко Рајовиќ

Во емисијата „TV Lica: Kao sav normalan svet“, стручњакот за раниот развој на детската интелигенција зборуваше за преголемото внимание кое родителите им го посветуваат на децата во денешно време.

„Тоа презаштитување е проблем за кој многу родители не се свесни. Не ги критикувам мајките, тие го прават тоа поради хормонот окситоцин кој го добиле кога го родиле бебето“ – вели Ранко и додава дека родителите мора да знаат да постават граници.

Се разбира дека на децата им се потребни љубов и внимание. Постојат дури и снимки од мозокот на занемарени деца. Региите во мозокот не се поврзани, баш поради недостигот на љубов. Но, тоа не значи дека вишокот љубов ќе помогне. Мора да се бара некоја рамнотежа. Добар пример за тој вишок љубов се поклоните. Кога бевме деца, се знаеше дека големите поклони се за големите настани. Роденден, Божиќ. И сите со нетрпение чекавме, па ги одбројувавме деновите. Денес, секој викенд има поклон. Децата така и учат, дека ТОА е љубов и дека тие можат да добијат што и да посакаат, кога и да посакаат.

Децата се научени сè брзо да се случува. За жал, нашите деца се научени сè да добиваат веднаш. Ако нешто не може, прагот на толеранција не е низок, нула е. Фрустрацијата е висока ако нешто не може. Тоа ми го кажуваат и родителите.

Тој објаснува дека децата кои во семејството веруваат дека имаат право да добиваат сè што ќе посакаат, тоа подоцна го очекуваат и од друштвото и од училиштето.

Тогаш се соочуваат со проблеми, бидејќи надвор од дома не се центар на светот. И тоа е совет за родителите: детето не треба да биде центар на светот, ниту пак центар на семејството. Детето е дел од семејството. Тоа е најприродно отсекогаш било така. Децата на село имаа обврски, одеа во кокошарникот по јајца, чуваа овци на ливада. Денес градските деца речиси и немаат обврски.

Докторот објаснува дека децата сакаат да имаат обврски и да помагаат, но дека возрасните најчесто ги спречуваат во тоа, велејќи „Немој, тоа е тешко“ или „Немој, ќе се извалкаш“. Тој е категоричен дека тие треба да имаат обврски, па дури и да се помачат ако истите се потешки.

За моменталниот систем начин на учење, особено за учењето напамет, Ранко вели дека мора да има промени. Децата според него, треба да научат како да ги поврзуваат информациите кои денес им се достапни за 2 секунди.

Информациите денес ни се на дофат на рака, а ние мораме да ги научиме децата да мислат и да ги поврзуваат тие информации. Кај мене доаѓаат учители и педагози кои гледаат дека постоечкиот систем не дава резултати. Руската педагогија пред 150 години направи голема грешка што ги исфрли нелогичните приказни од училиштата. Тие се водеа според тоа дека на нелогичките нешта не им е местото во училиштата затоа што децата ги спремаме за реален живот, па треба да учат реални работи. Но, многу згрешија. Затоа што нелогичните приказни активираат голем регии од мозокот. Зошто? Па, мозокот е орган за преживување и тој многу подобро работи кога се соочува со нешто нелогично, затоа што тогаш проверува да не е во прашање некоја опасност и ги вклучува резервните регии во мозокот кои нас ни е цел да ги раздвижиме.

Ако на невообичаените идеи на децата им кажеме дека се глупости, ние правиме огромна грешка, затоа што им ги затвораме асоцијативните регии во мозокот, а баш во тие регии се развива креативноста. Поради тоа не е необично што често се кажува дека школото ја убива креативноста. Кога знаеме дека креативноста всушност е она што најмногу ќе им треба, зошто тогаш го правиме тоа?

Сè повеќе наставници му се обраќаат на Рајовиќ за да му кажат дека родителите во денешно време се поагресивни и бараат нивните деца да имаат одлична оцена и покрај тоа што не им е заслужена.

Ако детето не заслужува петка, а ние им дадеме петка, каква порака му испраќаме? Сфатив дека не е важно да се имаат сите петки. Има многу деца кои ги имаат сите петки, но ништо. Која е целта на оцените? Ајде да го научиме детето да мисли, да си игра, да биде среќно, да знае што заслужило, така му испраќаме правилна порака, а не преку притисок врз учителите.

Морам да застанам во одбрана на учителите. Сè повеќе учители ми велат дека родителите како да постанале поагресивни. Се караат на училиште, бараат подобри оценки. Како може ликовно четворка? Па чекајте, детето нема нацртано ни еден цртеж, не знае да црта, зошто да нема четворка, па можеби и тројка? Не може родителот да кажува што да се прави во училиштето и како да се работи, па дури и да ги навредува учителите. Тоа е незамисливо. Каква порака им испраќаме на децата ако ние немаме респект кон учителите? Учителот е авторитет.

Погледнете го целото негово интервју:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11479 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.