Почетна » Новости » Занимливости » Дизни Вива сокови ги израдува децата на „Златно славејче“

Дизни Вива сокови ги израдува децата на „Златно славејче“

Секаде каде што има забава и дружење меѓу децата, таму е и Вива. Со поддршката на најпознатиот детски фестивал Златно Славејче, кој се одржа изминативе неколку денови во Скопје, Вива ги израдува сите присутни деца на настанот со своите Дизни Вива сокови.

Вива

Компанијата Вивакс како традиционален спонзор и долгогодиштен партнер на Златно Славејче има и своја Вива химна со славејчињата, преку која стана препознатлив бренд кај младите и кај сите љубители на детската музика. Вивакс, како еден од главните и најпознати промотори на детската култура во Македонија, досега има направено многубројни значајни проекти преку кои ја има покажано и докажано грижата за децата и својата општествена одговорност кон заедницата. А, како резултат на тоа, доволно илустративна е бројката од 25.000 деца кои на годинешниот тридневен фестивал добија можност да се освежат со познатите и омилени Вива сокчиња.

Вива

Златно славејче е фестивал со една од најдолгите традиции на македонската музичка сцена, а по повод својот јубилеј од 45 години постоење, тридневниот детски фестивал се одржа во Спортски Центар „Борис Трајковски“ во Скопје, од 19-ти до 21-ви ноември.

Покрај редовната музичка програма, фестивалот го збогатија и песните на специјалните гости како што се Даниел Кајмакоски, Давид Темелков, Трајче Георгиев и најмладата балканска ѕвездичка, Марко Бошњак.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9535 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.